Регион
Хашим Тачи тврди дека му се заканувал ал-Багдади
Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи изјви во четвртокот дека во 2014 година промил писмо со смртни закани кое било потпишано од челникот на екстремната сунитска организација Исламска држава, поранешниот затвореник во Гвантанамо, Абу Бакр ал-Багдади.
Хапим Тачи, кој во тоа време беше косовскиот премиер, изјави за агенцијата AFP дека станува збор за закана којашто водачот на џихадистите во Сирија и Ирак ја упатил нему и на неговото семејство.
„Ми се закануваше (поранешниот српски челник Слободан) Милошевиќ, сега ми се заканува Исламската држава… Со истиот сојузник ја добив борбата против Милошевиќ со кој сега ќе ја добијам против Исламската држава“, вели Тачи очигледно алудирајќи на САД.
Косовските медиуми неодамна објавија содржина од писмо во коешто ал-Багдади наводно о дТачи бара да се откаже од својата политика на приближување на Косово на Западот или ќе се соочи со „голема одмазда“.
Според косовското министерство за внатрешни работи, околу 300 косовски Албанци последните години се приклучиле на џихадистите во Сирија и во Ирак. Од нив педесетина загинале, а околу 120 се вратиле на Косово.
За да го спречат регрутирањето на нови борци за Исламската држава и другите терористички исламистички групи, властите во Приштина во март минатата година донесоа закон со кој се предвидува до 15 години затвор за лицата кои ќе се приклучат на џихадистички групи во странство./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

