Регион
Хрватска е подготвена да ги чува надворешните граници на ЕУ

Хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјавил дека Хрватска е подготвена да ги чува надворешните граници на Европската унија (ЕУ) и дека влегувањето во Шенген зоната е политичко прашање.
Остојиќ нагласил, пренесува хрватската агенција Hina, дека Хрватска мора да преземе сé за да ги исполни техничките услови и да добие шанса како најмлада членка на Унијата да влезе во Шенген зоната. Тој потсетил дека дека Хрватска има право да аплицира за влез во шенген зоната на 1-ви јули оваа година.
„Одлуките ги донесуваат земјите членки на шенгенската зона“, рекол Остојиќ, истакнувајќи дека Хрватска во овој момент покажува доста добри резултати во поглед на спречувањето на илегалната имиграција и смалувањето на бројот на азиланти, за разлика од сите други земји на ЕУ.
Според хрватскиот министер, минатата година биле забележани 17,8 проценти помалку илегални имигранти во Хрватска, додека во сите други земји кои се во шенген зоната, таа бројка расте. /крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.