Регион
Хрватска не сака да учествува во кофинансирањето на Грција
Хрватска е против идејата за привременото финансирање на Грција да се обезбеди од Механизмот за европска финансиска стабилизација (ЕФСМ), фондот кој беше воспоставен во 2010-та година и за кои гарантираат сите 28 земји членки, бидејќи смета оти финансирањето треба да биде извршено само од страна на членките на еврозоната, изјавил во вторникот во Брисел хрватскиот министер за финансии Борис Лаловац, пренесува Hina.
„Нашиот став е доста јасен и решавањето на привременото финансирање на Грција треба да се најде во членките на еврозоната. Ние не учествувавме нити во преговорите, нити пак во било какво одлучување. Комисијата рече дека тоа е само еден од предлозите и ќе видиме какви предлози ќе бидат ставени на маса, но ние сметаме дека еврозоната мора внатре во своите механизми да пронајде решение за привремено финансирање“, рекол Лаловац, кој во Брисел присуствувал на состанокот на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ, на кој главна тема беше привременото финансирање на Грција.
На Грција итно и се потребни средства кои треба да се обезбедат пред да завршат преговорите за третата програма за финансиската стабилност, кој се уште не се започнати и кои во најдобар случај би можеле да завршат до средината на август.
На земјата во следните помалку од месец дена и се потребни 12 милијарди евра, и тоа 7 милијарди до 20-ти јули и дополнителни пет милијарди до 5-ти август. Поради ова на состанокот се споменале неколку идеи за од каде може да се најдат тие средства, а Комисијата ја споменала можноста повторно да се активира ЕФСМ, фондот кој беше формиран во мај 2010-та година и кој беше искористен за спасувањето на Ирска и Португалија. Според информациите, во тој фонд наводно има уште 13 милијарди евра, од кои две или три милијарди би можеле да бидат искористени за привремено финансирање на Грција./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.