Регион
Хрватска нема да ги кочи своите соседи во патот кон ЕУ
Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ порачал дека Загреб нема да ги кочи соседните земји во патот кон Европската унија (ЕУ), и го оценил доаѓањето на германската канцеларка Ангела Меркел на состанокот на лидерите југоисточна Европа, на 15 јули во Дубровник, како потег што ја покажува поддршката за проширувањето на ЕУ.
Во интервју за белградски Новости, во пресрет на третиот состанок од „Брдо Бриони“ процесот, на кој ќе се разговара за проширувањето на ЕУ, Јосиповиќ рекол дека доаѓањето на Меркел значи дека ЕУ сака да продолжи со ширењето со земјите од Западен Балкан.
Јосиповиќ потенцирал дека хрватскиот Парламент донел декларација „со која јасно се говори за тоа дека соседите нема да биде уценувани и блокирани во нивните напори да влезат во ЕУ“, но навел дека решавањето на отворените прашања ќе биде важно за оценката околу исполнувањето на условите.
„Притоа не мислам дека Хрватска би ги уценувала соседите, туку дека способноста за решавањето на отворените прашања со соседите ќе биде важен тест за сите нас“, рекол Јосиповиќ.
Хрватскиот претседател рекол дека главната порака на собирот во Дубровник ќе биде дека „ЕУ го смета целиот регион за дел од Европа и иднината на сите земји од регионот е во ЕУ“.
„Нормално, кандидатите ќе морат да исполнат сериозни услови. Разговорите за заедничките напори за изградбата на инфраструктурата, европската енергетска политика и местото на југоисточна Европа во неа, како и прашањата за соработката во регионот, се јасен знак за таквиот политички став“, оценил Јосиповиќ.
Јосиповиќ додал дека „политиката на добрососедство и свеста за потребата од соработка, особено во сообраќајната и енергетската инфраструктура, се вклопува во очекувањата на Европа“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

