Регион
Хрватска преминува на „план Б“ со бегалците

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ најави во петокот дека Хрватска „за многу кратко време поради недостиг од капацитети за регистрација и прием на бегалци ќе преминат на план Б, односно дека бегалците ќе бидат пропуштани да поминат понатаму без да бидат регистрирани и да бидат вдомени.
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ најави во петокот дека Хрватска „за многу кратко време поради недостиг од капацитети за регистрација и прием на бегалци ќе преминат на план Б, односно дека бегалците ќе бидат пропуштани да поминат понатаму без да бидат регистрирани и да бидат вдомени.
Хрватска не прифаќа да биде собирен центар, нагласи Милановиќ, пренесе државната агенција Хина.
Запрашан да прецизира што значат новите методи, Милановиќ рече дека Хрватска ќе биде пофлексибилна.
„Ние луѓето на начин на којшто е формално пропишано повеќе не можеме да ги примаме и сместуваме, значи преминуваме на план Б, кој од самиот почеток беше на маса, а минаа само два дена“, одговори хрватскиот премиер.
Тој констатираше дека Хрватска може да издржи натамошен бран на бегалци, но не на ваков начин како што беше досега.
Луѓето повеќе нема да може да ги задржуваме во Хрватска освен да им дадеме вода, храна и медицинска помош, и да ги проследиме понатаму, рече Милановиќ. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.