Регион
И по 25 години од падот на комунизмот во Албанија, не е отворено ниту едно досие

Симпозиум на тема „25 години по комунизмот во Албанија“, во организација на Албанскиот Институт за меѓународни студии, со учество на странски дипломати, домашни и странски експерти и научници во сферата на политиката, безбедноста, судството, се одржа во среда во Тирана.
Општа е оценката дека во Албанија и по 25 години има проблеми со демократските процеси, но и со реформите во повеќе сфери. Беше особено нагласено дека и по 25 години во земјата не е отворено ниту едно досие на соработниците на албанската тајна служба Сигурими, а проблем претставува и силната политизација на системот денес.
Без разлика кој доаѓаше овие години на власт левицата или десницата не искажаа одлучност за да бидат отворени досиејата на албанската тајна служба.
Американскиот амбасадор Донал Лу особено нагласи дека процесот на декриминализација на системот е од клучно значење. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.