Регион
И Словенија како и Австрија се подготвува за квота за азилантите
Поради стравувањата дека на нејзината територија би можеле да остана поголем број имигранти и бегалци, Словенија размислува за воведување дневни квоти за азилантите како и соседна Австрија, но како прва линија на одбраната на шенгенскиот простор нејзините квоти би биле значително помали, пишуваат во петокот словенечките медиуми.
Владата во Љубљана ја проучува можноста да воведе дневни квоти за лицата кои бараат азил, пишува мариборскиот дневен весник Večer кои се повикува на неофицијални извори.
Австрија во текот на минатата 2015 година примила 90.000 барања за азил, па од петокот воведе квоти според кои ќе прими најмногу 80 барања дневно, за што ќе се води сметка при пропуштањето на имигрантите од Словенија кон Австрија и Германија.
И покрај благите критики за воведувањето на дневните максимални квоти за имигрантите што ги воведе Австрија, словенечкиот премиер Миро Цера во четвртокот изјави дека има разбирање за австриските рестрикции и дека Словенија ќе се прилагодува на нив, бидејќи ниту тој од самитот на ЕУ кој е во тек во Брисел не очекува дека ќе го даде посакуваното европско решение за имигрантската и бегалската криза.
„Словенија мора и самата да биде подготвена на соодветни реакции, бидејќи е држава од шенгенскиот простор којашто ја обврзуваат шенгенските правила“, истакна Церар во Брисел.
Љубљанскиот дневен весник Delo во петокот истакнува оти се покажало дека ЕУ не е во состојба да го осигури приближувањето на ставовите на 28-те членки за миграциската криза, како и дека затоа е потребно да се осигури барем попрагматични правила за однесувањето на државите во сегашната нерегуларен мигрантски бран, кога членките ги применуваат најминималните механизми за заштита на правата на азилантите.
Словенската јужна граница е и граница на Шенген која Словенија е должна да ја штити, а во тој правец се движат и настојувањата на словенечката влада. Словенија ќе ги следи австриските потези и на нив ќе одговори на соодветен начин за во неа да не се заглават голем број имигрант, а во исто време да гарантира и хуман однос кон имигрантите, пишува натамо Delo.
Поради австриското применување на дневните квори за барателите на азил, може да се очекува зголемувањето на бројот на оние кои азил ќе бараат во Словенија, а проблемот со бегалците енормно би се зголемил доколку Австрија, која досега во Словенија враќаше по 40-ина имигранти дневно, тоа ќе почне да го прави во поголема мерка.
Во рамките на европскиот план за релокација на 160.000 имигранти во „хот-спот“ центрите во Италија и Грција, Словенија е подготвена да прифати од 20 до 100 бегалци и да ги смести на подолго време, но дури откако ќе престане сегашната бегалска криза во којашто е оптоварена со масата луѓе кои се движат по ткн балканска рута, изјави словенскиот државен секретар за миграции Боштјан Шефич./крај/мф/сн
Извор: STA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

