Регион
Интимните фотографии го симнаа од екранот познатиот албански водител Сокол Бала

Управниот Борд на најпозната албанска приватна телевизија Топ Чанел одлучи да го симне од екраните својот најпознат новинар и уредник Сокол Бала, поради тоа што деновиве биле објавени интимни фотографии на социјални мрежи на кој е тој со една непозната млада девојка.
Албанските медиуми информираат дека Управата му забранила да ја води и најпознатата контактно -политичка емисија „Топ Стори“ во која Баша има редовно соговорници познати политички и бизнис личности.
Од Управниот борд наведуваат дека нема да дозволат негова појава на програмите на Топ Чанел бидејќи немаат намера да го урнат рејтингот кој го има најгледаната албанска телевизија.
Истите извори наведуваат дека Бала сакал да даде објаснувања за објавените интимни фотографии на неговата последна емисија во која требало гостин да биде премиерот Еди Рама, но тоа му било забрането.
Тој може да остане во телевизијата да работи други работи, но не и да ја води главната политичка емисија на ТВ Топ Чанел – „Топ стори“.
Топ Чанел е првата албанска приватна телевизија која профукнционира по распадот на системот на Енвер Хоџа, и според сите анкети е најгледаната и највлијателната ТВ станица во Албанија. /крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.