Регион
Иринеј: Ако треба и на сила ќе го вратиме Косово

Српскиот патријарх Иринеј во вторникот порачал дека сите Срби се должни да кренат глас за заштита на Косово и дека „доколку е потребно, ќе мора и на сила да се врати Косово“, пренесуваат српските медиуми.
„Се надевам дека нема да дојдеме во прилика на тој начин да го браниме, туку дека свеста и совеста на оние кои одлучуваат за нашата судбина ќе проговори на начин на кој треба да говори една разбудена и чиста човечка совест“, рекол Иринеј по повод започнувањето на заседанието на УНЕСКО.
Српскиот патријарх додал дека „сега се работи за тоа да се одземат српските светости и да се прогласат за светости на Косово“. Според Иринеј, на Косово се наоѓаат српските светости, односно „српската историја, култура, почетокот на сето она што е вечно и големо во српската историја и култура“.
„Ние во никој случај не смееме тоа да го дозволиме ниту на себе, ниту на другите, Косово да не му припаѓа на народот за кој од кога се знае за Косово, е српскиот народ“, рекол Иринеј. Тој додал дека српската светост сега треба да му се довери на народ кој за време на целата своја историја „ја горел српската светост и тоа сега не смее да се дозволи“.
Иринеј исто така потсетил дека на Косово се наоѓа резиденцијата на српските патријарши (Пеќката патријаршија), како и најголемите светости на српската историја и култура./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.