Регион
Иса Мустафа нов претседател на косовското Собрание

Иса Мустафа е избран во четвртокот за претседател на новото косовско Собрание. За него гласаа 65 пратеници од Коалицијата ЛДК, ААК и Нисма и пратениците Срби, додека движењето Самоопределување не учествуваше во гласањето.
Партијата на Хашим Тачи, Демократската партија на Косово, ја напушти собраниската сала, и премиерот на заминување Тачи изјави дека ќе се жали до Уставниот суд заради начинот на избор на Мустафа за претседател на Собранието на Косово.По седницата, партиски извори на Коалицијата ЛДК (Демократскиот сојуз на Косово) ААК (Алијансата за Акција Косово) и Нисма, информираа дека и партијата Самоопределување по седницата прифатила потпретседателско место во Собранието. По оваа активност, се очекува коалицијата за премиер да го избере лидерот на ААК, Рамуш Хајрадинај .Партијата на Тачи има најмногу пратеници, но не успеа да собере доволен број гласови за состав на новата влада на Косово, по изборите одржани на 8-ми јуни оваа година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.