Регион
Истанбул: Притворени 13 осомничени, меѓу кои тројца странци, за нападот на аеродромот „Ататурк“
Во операциите на турските безбедносни сили против терористичката организација Исламска држава во Истанбул со истовремени упади на единиците на безбедноста на 16 адреси во три населби – Пендик, Башакшехир и Султанбејли. притворени се 13 лица од кои три се странски државјани, јавува дописникот на Макфакс од турската метропола.
Во операциите на турските безбедносни сили против терористичката организација Исламска држава во Истанбул со истовремени упади на единиците на безбедноста на 16 адреси во три населби – Пендик, Башакшехир и Султанбејли. притворени се 13 лица од кои три се странски државјани, јавува дописникот на Макфакс од турската метропола.
Од средата во Истанбул започна операција против Исламската држава, но досега немаше информации за притворени осомничени. Во слична операцијата која со учество на 200 полицајци започна во средата во Измир и неговата околина, притворени се девет лица под сомнение дека давале логистичка помош и врбувале лица за споменатата џихадистичка органзијација.
По терористичките напади на истанбулскиот аеродром „Мустафа Кемал Ататурк“ минатиот вторникот, во кој животот го изгубија 42 лица а 238 беа повредени, состојбата на аеродромот постепено се нормализира. Со повторното започнување на летовите, странските туристи, кои по нападот беа сместени во хотелите почнаа да се враќаат на аеродромот и со задоцнети летови ја напуштаат земјата. Мерките за безбедност на аеродромот се зголемени и патниците при влезовите на аеродромот детално се проверуваат.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоан, кој во средата жестоко ги осуди терористичките нападите, истакна дека „тие немаат врска со исламот“. „Тие што го извршија нападот ќе одат во пекол каде што им е местото“, истакна Ердоан додавајќи дека никој нема да може да ја спречи Турција да си ги оствари целите од 2023 година.
Премиерот Бинали Јилдирим, во врска со терористичкиот напад изјави дека сомнежите се фокусираат кон екстремната терористичка организација Исламската држава, и подвлече дека последниот напад покажал дека покрај физичката и рентген контролата, можеби, ќе треба да се воведат дополнителни мерки на безбедност со ангажирање поголем број специјално обучен персонал за спречување на вооружен напад пред влезот на аеродромот. На нападите за недоволната безбедноста на аеродромот Јилдирим одговори дека едниот од терористите го извршил нападот пред влезот и таму ја активирал бомбата, а другите двајца напаѓачи влегле внатре искористувајќи ја паниката што настапила со првиот напад и таму ги активирале бомбите.
Поголемиот дел од ранетите се задржани во државната болница во населбата Бакиркој, која се наоѓа во релативна близина на аеродромот „Ататурк“ . Лекувањето на 128 лица продолжува, 41 лице се наоѓа на интензивна нега. Телата на 32 загинати лица се предадени на семејствата, додека идентитетот на четворица загинати не е утврден. Помеѓу ранетите се наоѓаат странски државјани од Саудиска Арабија, Авганистан и еден швајцарски државјанин. Повредените од терористичкиот напад вчера ги посетија премиерот Јилдирим и бившиот претседател на Турција, Абдулах Ѓул, кој го осуди терористичкиот напад и менталитетот на злоупотреба на верата во вакви цели.
Додека опозицијата ја напаѓа владејачката партија за пропусти во обезбедувањето на аеродромот, реакции против терористичкиот напад преку социјалните мрежи упатија и истакнати личности од спортот и естрадата./крај/мф/аак
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин
Вистинска драма се одвивала денес во градинка во општина Блаце, бидејќи осумнаесетмесечно бебе имало проблеми, односно аспирација. Брзата помош веднаш реагирала, пренесуваат медиумите во соседството.
Под ознаката итно, во придружба на педијатар, бебето е префрлено во Општата болница Прокупље, а потоа оттаму во Клиничкиот центар во Ниш.
Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.
Според информациите од одредени медиуми, се сомнева дека симптомите на труење биле откриени за време на престојот на детето во групата од градинка.
Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.
Имено, медиумите тврдат дека тоа започнало поради шише со вода, но овие тврдења не се потврдени.
Регион
Пленковиќ: Украина не смее да потпише предавање на територија на Русија
Украина не смее да стави „ни капка мастило“ на документ со кој законски би отстапила нејзина територија на Русија, изјави премиерот Андреј Пленковиќ во Давос, објави Индекс.хр.
На Светскиот економски форум (WEF) во швајцарскиот алпски град, премиерот на Хрватска учествуваше на панел за Украина заедно со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, финскиот претседател Александар Стаб, холандскиот премиер Дик Шуф и латвискиот претседател Едгарс Ринкевич.
За време на дискусијата, Пленковиќ нагласи дека Хрватска спаѓа во групата земји кои се „јасно проукраински во однос на солидарноста и поддршката“.
„Ова произлегува од нашето сопствено искуство. Поради големосрпската агресија на почетокот на 1990-тите, Хрватска во еден момент имаше и 27 проценти од својата окупирана територија“, рече тој, додавајќи дека Украина сега е на 19,5 проценти.
Пленковиќ нагласи дека сите мировни договори имаат два аспекта, моментот и контекстот во кој се потпишани и нивните последици во иднина.
Во овој поглед, Пленковиќ нагласи дека Украина „не треба да стави ниту капка мастило на документ со што de iure би ја предала“ својата територија.
„Ова е од клучно значење за Украина, но и за да се спречи преседан што би ја загрозил стабилноста на меѓународниот систем, правото и односите во иднина“, рече тој.
фото/Depositphotos
Регион
(Видео) Урагански ветришта и поплави во Грција: двајца загинати
Силна бура со обилни дождови и ветрови со сила на ураган што го погоди поголемиот дел од Грција одзеде два животи. Регионот Атика беше најтешко погоден, каде што екстремните временски услови предизвикаа големи поплави, прекини во сообраќајот и стотици повици до службите за итни случаи, според „Грик Репортер“.
Во Ано Глифада, 56-годишна жена беше однесена од ненадејна поплава, додека 53-годишен службеник на крајбрежната стража настрада на должност во Астрос Кинурија. Според соопштението на грчката полиција, 56-годишната жена одела по улица кратко пред 21 часот вчера кога силна ненадејна поплава ја однела. Таа била заробена под возило и пронајдена во несвест од пожарникарите. Била однесена во болница, каде што била прогласена за мртва.
Во Астрос Кинурија, 53-годишен службеник од локалната станица на крајбрежната стража загинал додека патролирал пеш во пристаништето. Според грчката крајбрежна стража, службеникот помагал во прицврстувањето на бродот кога бил погоден од силен бран, предизвикувајќи фатална повреда на главата. Тој бил извлечен од водата во несвест, а неговата смрт била потврдена во локалниот здравствен центар.
До вчера попладне, обилните дождови предизвикаа значителни прекини во сообраќајот на патиштата во центарот на Атина и поширокиот регион на Атика. „Нивото на врнежи што го очекувавме беше потврдено и повеќе од тоа“, рече метеорологот Димитрис Зијакопулос.
🚨 Dangerous flooding now in Upper Glyfada in Athens, Greece.
📹 Mariana Generalli pic.twitter.com/4JEc2pFgYU
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) January 21, 2026
Според Националната опсерваторија во Атина (Meteo.gr), екстремни врнежи од дожд се регистрирани низ Атика, источен Пелопонез и Евија.
Се очекува бурниот вртлог денес да се движи кон исток. Егејските острови сега се изложени на ризик, а прогнозите предвидуваат урагански бранови и ветрови. Властите остануваат во состојба на висока готовност.

