Регион
Истрага за планирано убиство на црногорскиот премиер Ѓукановиќ

Црногорскиот државен обвинител покрена истрага за планирањето убиство на премиерот Мило Ѓукановиќ кон крајот на 2007 година, кое наводно го нарачале високи српски функционери, пренесуваат во средата медиумите во Подгорица.
„Специјалното државно обвинителство покрена истрага поради основано сомневање дека е извршено кривично дело тероризам во обид, на штета на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ“, изјави специјалниот обвинител Миливоеј Катниќ за весникот Дневне новине.
Информацијата за подготовка на атентат врз Ѓукановиќ долго била криена, и покрај пријавата којашто пред неколку години ја поднел поранешниот припадник на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Неодамна избраниот специјален обвинител Катниќ по речиси осум години започна со проверката на таа пријава во којашто се тврди дека поранешниот министер за полиција Андрија Јовичевиќ парал од тој агент на АНБ за тогашни високопозиционирани српски политичари да организира ликвидација на Ѓукановиќ.
Агентот на АНБ, според медиумите во Подгорица, опишал кој сé директно и индиректно учествувал во планирање на атентатот, кој требало наводно да биде извршен со експлозив и платен со многу голема сума.
Јовичевиќ досега не е сослушан во државното обвинителство и не престојува во моментов во Црна Гора./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.