Регион
Италија бара екстрадиција на Eлези за џихадизам

Италјанските власти побара од Албанија да го екстрадира во Италија албанскиот државијанин Албан Елези за кој италјанциите се сомневаат дека е поврзан со одредени терористички групации , и дека тој регрутирал борци за џихад додека бил во Италија.
Италјанските власти побара од Албанија да го екстрадира во Италија албанскиот државијанин Албан Елези за кој италјанциите се сомневаат дека е поврзан со одредени терористички групации , и дека тој регрутирал борци за џихад додека бил во Италија.
Судот во Брешија во Италија веќе изрекол казна за Елези за кој се вели дека е меѓународен терорист.
Елези кој е на издржување казна затвор во Албанија во затворот Рогожина, е обвинет за слични дела и во Албанија.
Деновиве се очекува да се разгледа барањето на Италија за екстрадиција од страна на Министерството за правда на Албанија ./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.