Регион
Изетбеговиќ му порача на Милановиќ дека повеќе со него нема да разговара
Изјавите на претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП) Зоран Милановиќ за состојбата во Босна и Херцеговина (БиХ) предизвикаа силни реакции од босанските политичари, а особено од претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, кој порача дека во иднина нема намера да разговара со хрватскиот политичар, пренесуваат босанските медиуми.
Изјавите на претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП) Зоран Милановиќ за состојбата во Босна и Херцеговина (БиХ) предизвикаа силни реакции од босанските политичари, а особено од претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, кој порача дека во иднина нема намера да разговара со хрватскиот политичар, пренесуваат босанските медиуми.
„Милановиќ изјави дека во БиХ нема со кого да разговара. Што се однесува до мене и во иднина тој нема да има со кого да разговара“, рекол Изетбеговиќ, додавајќи дека Милановиќ „со својата препотенција и ароганција одлични се вклопува во балканскиот менталитет“.
Изетбеговиќ оценил дека Милановиќ е политичар кој не внимава на тоа што го говори и работи, бидејќи во спротивно „не би ја довел хрватската економија и односите во хрватската нација до една депресивна состојба“. Официјално, пак, Претседателството на БиХ нема да реагира на изјавите на Милановиќ поради тоа што не сакаат на Милановиќ да му дадат на значење, потврдил Изетбеговиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Грчките земјоделци на протести поради стопираните субвенции од ЕУ
Грчките земјоделци одржуваат протестни демонстрации низ целата земја. Нивните барања се за продолжување на исплатата на субвенции и помош.
Грчките земјоделци ја обвинуваат владата дека намерно ги прикрива оние што ги украле европските субвенции. Министерството за аграрен развој ги суспендираше сите исплати на земјоделците додека не заврши истрагата за украдените субвенции од ЕУ. Обвинителството веќе поднесе обвиненија против над сто лица кои добиле субвенции од ЕУ со лажни документи.
Стотици земјоделци од целата земја протестираат со трактори пред Министерството за аграрен развој. Главната иницијатива е од сточарите од островот Крит, кои пристигнаа специјално за демонстрациите во грчката престолнина. Во Александрополис, тие го блокираа аеродромот за да го спречат премиерот Мицотакис да го посети регионот. Во Солун, десетици трактори го запреа сообраќајот на патот кон Халкидики. Друга голема група е пред Министерството за Северна Грција. Во Лариса, сообраќајот на автопатот е исто така блокиран.
Денешните протести се само предупредување, велат земјоделците. Земјоделскиот сектор покажува подготвеност за активни протестни акции. Пратениците од опозицијата и лидерите на партиите се придружија на демонстрациите во Атина.
Регион
Поплавени куќи, затворени училишта: поројните дождови предизвикаа колапс на грчкиот остров Лезбос
Ноќните поројни дождови на грчкиот остров Лезбос ги поплавија куќите и другите објекти на западниот дел од егејскиот остров и ги принудија локалните власти да затворат неколку училишта за инспекции и поправки, објави „Екатимерини“.
Најтешко погодени беа областите Калони и Скала, а жителите ја опишаа количината вода што падна на островот како невидена.
Одлуката за затворање сите училишта во западен Лезбос беше донесена како превентивна мерка поради интензивните и продолжени поројни дождови, кои зафатија значителен дел од островот предизвикувајќи прекини во сообраќајот и зголемувајќи го ризикот од патување за учениците и наставниците, наведоа локалните власти во соопштението.
Тие исто така им советуваа на жителите да се воздржат од непотребни патувања додека не се изврши целосна процена на штетите на патот.
Фото: принтскрин
Регион
Студентите во Србија пред Генералштабот: „Ќе го браниме со нашите тела“
Студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот ќе се соберат денес во 11 часот пред зградата на Генералштабот под слоганот „Ние сме жив ѕид“. Како што најавија, ќе упатат усно предупредување до властите на Александар Вучиќ поради нивната намера да го урнат комплексот, кој беше оштетен во бомбардирањето на НАТО, објавува Nova.rs.
Организаторите нагласуваат дека денешниот собир ќе биде само најава за идните протести.
„Маршот од центарот на Земун започнува во девет часот наутро, а од Студентскиот плоштад во 10 часот, па сите се собираме во 11 часот пред Генералштабот. Подготвивме две претстави, по што во 11:52 часот ќе има 16-минутен молк“, објави Валентина Морачевиќ, студентка на Факултетот за применети уметности.
По оддавањето почит на жртвите, студентите ќе упатат јасно предупредување до Владата. „Кога ќе заврши оддавањето почит на жртвите во Нови Сад, ќе имаме усно предупредување за властите. Доколку не престанат со уривањето на Генералштабот, односно ако не ја заштитат зградата, ние ќе ја браниме со нашите тела“, нагласува Валентина.
Фото: ЕПА

