Регион
Јилдирим: Целта ни е Турција да не изгледа како земјите од третиот свет
Тие што го започнаа обидот за пуч се припадници на терористичката организација кои облекле војнички униформи, истакна турскиот премиер Бинали Јилдирим замолувајќи го народот да не ги поистоветува „овие крвници“ со турските оружани сили, бидејќи, како што истакна „и покрај тоа што обидот за воен удар започнал во дел од структурата на турската војска , тој нема ниту најмала врска со офицерите кои си ја сакаат татковината и народот.
Асуде А. Кочан, од Истанбул
Обраќајќи се по седницата на Владата во понеделникот во нејзино присуство во полн состав, Јилдирим ги изнесе најновите податоци по последните настани во земјата. Според нив бројот на загинатите во настаните при обидот за воен удар во Турција изнесува 208 лица од кои 60 се припадници на полицијата, тројца се војници и 145 се цивили. Бројот на повредените изнесува 1.491, а 7.543 лица се притворени, а од нив 218 се уапсени. Премиерот соопшти дека 24 пучисти биле убиени, а повредени биле 50, додека 316 пучисти се уапсени, за 2 745 лица од судството е покрената истрага, за околу 1.500 службеници од јавниот сектор се суспендирани. Премиерот Јилдирим укажа на разликата меѓу последниот обид и воениот удар од 12-ти септември 1980 година подвлекувајќи дека дури ни тогаш не било стреално врз граѓаните, ниту, пак, бил бомбардиран парламентот. „Но, тоа не е дело на турската војска, туку на терористичките единции кои се вгнездиле таму“, нагласи турскиот премиер.„Целта ни е Турција да не изгледа како земјите од третиот свет, да ја исчистиме од нелегални организации кои ја зацрнуваат иднината на нашите чеда. Мојот 12 годишен внук ме праша ‘Дедо, зарем ова не се наши војници, зошто ги убиваат луѓето? Не можев да му одговорам на ова. Но ние ќе дадеме таков одговор што целиот свет ќе го види“, низ плач кажа Јилдирим.На новинарското прашање дали освен движењето на Фетулах Ѓулен постојат и некои други сили или земји вмешани во овој пуч, премиерот одговори дека бунтот е започнат од страна на FETO (Терористичка организација Фетулах), но дали има други кои му се приклучиле ќе открие турското право. „Ниедно прашање нема да остане нерасветлено, бидејќи тоа е нашата најголема должност кон нацијата. САД се наш пријател, стратешки партнер и со нив имаме развиени односи во областа на безбедноста и трговијата. Им велам дека постои една глобална закана која сака да ѝ стави крај на демократијата на оваа земја и на нејзино место да донесе еден режим чие име е непознато, припадници на една организација на асасини, и доколку нашите пријатели за тој што им дава директива побараат докази, ние ќе се разочараме и тогаш на дневен ред можеби ќе дојде и преиспитување на нашето пријателство“, одговори турскиот премиер. Во врска на сѐ погласните барања за смртна казна за Фетулах Ѓулен, премиерот Јилдирим истакна дека Турција е правна држава, барањата на народот се наредба за нас, но не е добро да се одлучува за ова прашање под жестината на настаните, рече Јилдирим и подвлече дека тоа прашање треба детално да се разгледа и дека се работи за прашање за кое е потребно да се направат измени во Уставот. „Ние ниту однапред го отфрламе, ниту однапред го прифаќаме“, истакна турскиот премиер.
Во врска со воената состојба во земјата Јилдирим истакна дека воениот инвентар е под контрола и не постои можност да излезе вон неа.„Безбедноста на нашиот воздушен простор е под контрола, на некои места е затворен за летови и контролите продолжуваат деноноќно“, додаде Јилдирим.На новинарското прашање во врска со провокациите кон припадниците на партиите на опозицијата и тепањата на некои граѓани кои конзумирале алкохол, премиерот Јилдирим упати апел кон граѓаните да одбегнуваат провокации. „Денес не е ден за размислување за разликите во нашите размислувања, за разликите во облекувањето, туку ден за обединување за иднината на нашата земја“ одговори Јилдирим. /крај/ мф/аак
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Ова ќе биде клучна и една од најтешките години во светот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека утре ќе бидат потпишани 10 договори за соработка меѓу Србија и Казахстан и истакна дека ова е создавање темел врз кој ќе се изгради голема куќа на пријателство што е од интерес за двете земји.
– Разговаравме за геополитичката ситуација. Имаме речиси 100% согласност во оценките. Можам да зборувам за моите предвидувања. Можaм да прoмашам за неколку дена, но во суштина не. Очекувам наскоро да започне голем конфликт, сите знаете на кој мислам, и очекувам конфликтот во Украина да не заврши, мислам дека ќе продолжи долго време. Би сакал да грешам, би бил повеќе од среќен да излезам и да кажам дека моите проценки беа погрешни, но се плашам дека ќе бидам во право. Полека, сите влегуваат во ќорсокак, а кога сте во ќорсокак, се движите само кон потешки решенија и поголеми проблеми. Ова ќе биде клучна година и една од најтешките години во светот. Не би ја исклучил можноста за употреба на неконвенционално оружје во текот на оваа година – изјави Вучиќ, пренесуваат медиумите во регионот.
Регион
Вучевиќ: Верувам во силата на Дачиќ да се избори, и во нашите лекари
Лидерот на СНС и советник на претседателот на Србија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека е неблагодарно да се зборува за идната здравствена состојба на претседателот на СПС и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, и дека тој верува во неговата сила да се избори.
„Неблагодарно е да се зборува. Не можам да кажам ништо друго освен она што го кажаа лекарите, семејството, а ми се чини од разговорот со колегите од СПС, дека е за нијанса подобро од синоќа, но сепак е предизвикувачко“, рече Вучевиќ во гостувањето во емисијата „Фокус“ на Б92.
Тој додаде дека верува во силата на Дачиќ да се бори, во нивните лекари и дека се моли на Бога да му даде на Дачиќ доволно сила да се извлече од сето ова.
Вучевиќ истакна дека настинките не треба да се потценуваат и дека секој треба да слуша што велат луѓето кои се експерти за тоа.
„Ивица Дачиќ има уште едно прашање, тоа е прашањето за дијабетесот, стресот, политиката, сè што ни се случува. Невозможно е да нема последици. Имавме многу предизвици. Минатата година имавме предизвици со Дарко Глишиќ. Овој повик беше направен со голем притисок“, рече Вучевиќ.
Дачиќ беше примен на Клиниката за пулмологија вчера попладне со пневмонија.
Регион
„Следната земја-членка на ЕУ“ – Црна Гора брендираше авион со европската амбиција за членство до 2028 година
Црногорската влада, која планира до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, претстави авион на националниот превозник „Ер Монтенегро“ со слоганот „28by28 – The next EU member“. (следна земја-членка на ЕУ).
Од Министерството за европски прашања соопштија дека целта на кампањата е да се испрати порака до меѓународната јавност дека Црна Гора до 2028 година ќе стане 28-ма членка на ЕУ.
Премиерот Милојко Спајиќ при претставувањето на авионот во Подгорица изјави дека пораката претставува „стратешка изјава на државата“, додавајќи дека Црна Гора нуди стабилност и нова енергија за Европа.
Министерката за европски прашања Маида Горчевиќ оцени дека членството во ЕУ е амбициозна, но остварлива цел и повика сите институции и општествени чинители да ја пренесат пораката „28 до 2028“.
Властите претходно најавија дека имаат намера до крајот на годината да ги затворат сите преговарачки поглавја, со цел членство до 2028 година.

