Регион
Јилдирим: Турција не смета дека е загрозена слободата на медиумите

Турскиот премиер Бинали Јилдирим во вторник ја отфрли критиката на Европската унија(ЕУ) дека Турција ја загрозува слободата на медиумите со тоа што привела уште 13 новинари на опозициските гласила, јави агенцијата AP.
Турското обвинителство потврди пред два дена дека главниот уредник на високотиражниот весник „Џумхуриет“ и уште 13 вработени во тој весник се уапсени во рамки на истрагата за обид за пуч во Турција, јави агенцијата Анадолија.Како што јави агенцијата Франс Прес, претседателот на Европскиот парламент(ЕП) мартин Шулц оцени во понеделник дека Турција со блокирањето на слободата на изразување „ја минала црвената линија“.Премиерот Јилдирим одговори дека Турција „не сака лекции од Европа“ и дека неговата влада нема проблем со слободата на медиумите. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.