Регион
Јосиповиќ го разреши својот главен аналитичар поради изјавите за референдумот
Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ во четвртокот го разреши својот досегашен главен аналитичар Дејан Јовиќ, поради неговите тврдења дека референдумот за независноста на Хрватска бил нелиберален и антидемократски, пренесуваат хрватските медиуми.
„Вчера изјавив дека длабоко не се согласувам со оваа изјава. Се работи за изјава која е штетна и погрешна, и затоа ја донесов одлуката за разрешување на господинот Јовиќ“, изјавил Јосиповиќ.
Јовиќ во часописот на хрватскиот Факултет за политички науки, „Политичка мисла“ напишал дека референдумите за независност во поранешна Југославија, освен црногорскиот референдум од 2006-та година, биле нелиберални.
„Можеби тие беа „демократски“, ако под „демократија“ се подразбира само утврдувањето на тоа кој има повеќе а кој помалку“, напишал Јовиќ.
Но тие сигурно не беа либерални, бидејќи немаше доволно слобода за секој, без оправдан страв од драстични последици, да го каже тоа што го мисли, потенцирал Јовиќ.
„Немаше доволно слобода. А нема ни денес. Агресивноста и насилството беа главните карактеристики на нашите референдуми за независност“, оценил сега веќе поранешниот аналитичар на Јосиповиќ во коментарот насловен „Само во митовите секој народ сака држава, а во реалноста – не“, пренесува Hina.
Референдумот за независноста на Хрватска беше одржан на 19 мај 1991-та година, со излезност од 83,56 проценти. Од нив дури 94,17 проценти се изјаснија за независност, а а за тоа Хрватска да остане во рамките на Југославија како сојузна држава гласале дури 1,2 отсто од гласачите. Врз основа на ова, хрватскиот Сабор на 25 јуни 1991 година донесе Уставна одлука за сувереност и самостојност на Хрватска./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Рама објави укинување на забраната за „Тик-ток“ во Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека социјалната мрежа „Тик-ток“ повторно ќе биде достапна во Албанија.
Рама во интервју за „Политико“ истакна дека албанската влада постигнала партнерство со претставници на социјалната мрежа и дека набргу ќе претстави нови мерки за заштита на јавноста во оваа земја.
„Задоволни сме од резултатот. Постигнавме партнерство и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го презентираме планот пред албанските граѓани, како што ветивме“, рече Рама.
Албанската влада го забрани „Тик-ток“ пред една година кога објавите на платформата предизвикаа тепачка меѓу млади, во која 14-годишно момче беше избодено до смрт.
Регион
Србија меѓу првите во регионот што воведува тестирање на алкохол кај летачкиот и кај кабинскиот персонал
Од 1 јануари 2026 година во Србија ќе почне систематско тестирање на летачкиот и на кабинскиот екипаж за присуство на алкохол.
Со тоа Србија станува една од првите земји во регионот што ја воведува оваа постапка во целост, објави Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија.
Тестирањето ќе се спроведува на летачкиот и на кабинскиот екипаж на домашни и странски авиони што ги користат аеродромите во Србија.
Проверките ќе ги вршат специјално обучени и овластени воздухопловни инспектори на Дирекцијата.
Постои нулта толеранција за присуство на алкохол кај членовите на екипажот на авионите.
За мерење на количината алкохол ќе се користат сертифицирани и калибрирани уреди за мерење алкохол во здивот, кои имаат доказна вредност во судските постапки.
Во случај член на летачкиот или кабинскиот екипаж да го одбие тестот или тестот утврди присуство на алкохол, воздухопловниот инспектор привремено ќе му забрани да ги извршува должностите на член на екипажот и ќе го пријави тоа кај надлежните органи.
По правило тестирањето ќе се врши во кабината на авионот, а податоците за спроведените тестови ќе се внесуваат во централизирана база на податоци управувана од Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA).
За почетокот на примената на оваа постапка Дирекцијата навремено ги информира сите воздухопловни субјекти во Србија и EASA, која има улога да обезбеди поддршка во дефинирањето на приоритетите за тестирање и управувањето со релевантните податоци.
Фото: depositphotos
Регион
Во Хрватска во тек е јавна дебата за изградбата на првата нуклеарна централа
Во Хрватска предлог-законот за примена на нуклеарна енергија за цивилни цели, изготвен од работна група, составена од голем број експерти од областа, е пуштен на јавна дебата, што всушност е првиот сериозен правен чекор во долгорочниот и скап процес на изградба на првата нуклеарна централа на хрватска територија.
Во последните месеци, министерот за економија, Анте Шушњар, често се појавуваше во јавноста со идејата дека Хрватска треба да изгради сопствена нуклеарна централа, што во овие нови геополитички околности и трендови на напуштање на фосилните горива, како и во времето на револуцијата на вештачката интелигенција и потребата од огромни количини електрична енергија, би донело стабилност во електроенергетскиот систем на земјата и би влијаело на намалувањето на емисиите на штетни гасови, пренесува „Танјуг“.
Од нацрт-верзијата на предложениот закон е јасно дека Хрватска во иднина во голема мера ќе се потпира на нуклеарна енергија. Планот е една третина од електричната енергија до 2040 година да доаѓа од нуклеарни извори.

