Регион
Клинтон: Немаше да има инцидент доколку Вучиќ пристигнеше подоцна

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон смета дека до инцидентот во Поточари немало да дојде, доколку српскиот премиер Александар Вучиќ „пристигнел малку подоцна“, пренесуваат српските медиуми.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон смета дека до инцидентот во Поточари немало да дојде, доколку српскиот премиер Александар Вучиќ „пристигнел малку подоцна“, пренесуваат српските медиуми.
Клинтон додал дека жали поради инцидентот, но истакнал дека до него не би дошло доколку Вучиќ пристигнал само за комеморацијата, а не откако почнала молитвата.
„Мислам дека на луѓето сепак им беше драго тоа што тој беше на комеморацијата, но ништо од тоа што таму беше речено не стигна до нив и тие останаа во шок кога го видоа него“, рекол Клинтон за хрватската телевизија РТЛ.
Според него, градоначалникот на Сребреница Ќамил Дураковиќ направил добар потег со тоа што поканил Вучиќ да присуствува на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во Сребреница.
„Слушнавте што кажа Дураковиќ околу тоа како пред 20 години останал жив, а врсниците што ги познавал биле убиени, исто како и членовите на неговото семејство. Сепак, тој на себе презема ризикот на поканувањето, а премиерот Вучиќ ризикот на доаѓањето. И тоа е некој почеток, и тоа доста важен“, навел Клинтон, кој на одбележувањето во Сребреница присустуваше како специјален претставник на актулениот американски претседател Барак Обама./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.