Регион
Коциас: Грција ќе отвори мостови кон светот
Новиот грчки министер за надворешни работи, Никос Коциас порача дека Грција ќе биде активна и „ќе отвори мостови кон целиот свет“, напоменувајќи дека грчките власти не сметаат дека своите односи со новите светски сили се и против европскиот курс на Атина.
Новиот грчки министер за надворешни работи, Никос Коциас порача дека Грција ќе биде активна и „ќе отвори мостови кон целиот свет“, напоменувајќи дека грчките власти не сметаат дека своите односи со новите светски сили се и против европскиот курс на Атина.
Преземајќи ја должноста од досегашниот шеф на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос, Коциас изјави дека тој и неговите заменици Никос Шунтис и Еуклид Цакалотос „се Европејци“, но истакна дека новите власти „се радуваат на мостовите со новите светски сили“, соопшти грчкото министерство за надворешни работи.
„Ние не сметаме дека нашите односи во контекст на европскиот курс на Грција им противречи на нашите односи со новите сили“, порача Коциас.
Говорејќи за вонредниот состанок на Советот на министрите на ЕУ, на кој се разгледуваше за можност околу воведување на нов пакет на санкции кон Русија, грчкиот министер рече дека некои грчки партнери ги прекршиле прописите на ЕУ.
„Тие се обидоа да не стават пред свршен чин дури и пред новата влада за положи заклетва. Од почетокот јасно ставивме до знаење дека тоа нема да биде прифатено“, истакнал новиот шеф на грчката дипломатија. Тој додаде дека сите оние кои мислат дека Грција ќе се откаже од својот суверенитет и активниот придонес во европската политика поради својот долг, грешат.
„Ние сакаме да бидеме Грци, патриоти. Сакаме да бидеме Европејци. Пред сé, сакаме министерство кое мисли, кои не осудува кога некој мисли поинаку, кое ќе сврти нова страница и ќе им служи на општите интереси на нашиот народ“, порача Коциас.
Според него „Грција е суверена кога учествува во меѓународните организации, мултилатераните преговорите и во самата Европска унија, преку грчката надворешна политика.
Грчкиот министер порача и дека „новите транзициски односи како мост меѓу Грција и ЕУ, и новите пазари предизвикуваат развој на капацитетите и потенцијалите на земјата“.
Тој објасни дека „во свет кој се буди, Грција мора да ја развие својата способност на посредување, да придонесе за решавањето на споровите и да ги развива своите преговарачки способности не само поради самата себе, туку и меѓу останатите држави кои се наоѓаат во кризните региони“.
Коциас особено се осврна на „катализаторската улога“ која неговата земја може да ја има како фактор на стабилноста.
„Грција се наоѓа во триаголник на нестабилноста и претставува светилник на стабилноста“, укажа додавајќи дека „каков и да е недостаток на неопходната стабилност во регионот ќе значи и голема неповолност за грчкиот народ, како и за ЕУ во целина“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.

