Регион
‘Колепката на демократијата“ на референдум за предлог кој веќе не постои
Грците во недела излегуваат на гласање за прашањето кое им е наметнато како клучно за иднината на земјата – да го прифатат или не предлогот на доверителите да се продолжи со странската финансиска помош за земјата со продолжување на политиките на штедење, меѓутоа кога премиерот Алексис Ципрас ненадејно го распиша референдумот повикувајќи се грчкото „педигре на колепка на демократијата“, веќе беше јасно дека од Грците се бара да донесат одлука за програмата којашто всушност не постои, бидејќи беше темелена Атина да го отплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд, што не го стори до крајниот рок на 30-ти јуни.
Грчката влада предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза и премиерот Алексис Ципрас полага надежи дека избирачите ќе одговорат со „не“ на прашањето да ли треба да се продолжи со меѓународната програма за финансиска помош на земјата, која е условена со нови мерки за штедење. Некои политичар, главно од поранешните влади кои ги потпишаа претходните два договора за помош до вкупна вредност од 240 милијарди евра и отпишување на 107 милијарди евра долго кон приватните доверители во замена за спроведувањето на реформите и жестоките кастрења на буџетските расходи, ги повикуваат гласачите да се изјаснат со „да“ за програмата, предупредувајќи дека станува збор за прашање за натамошното опстојување на Грција во еврозоната и Европската унија.
Кон грчкиот референдум е насочено вниманието на целиот свет, бидејќи неговите резултати може во голема мера да го определат следниот развој на настаните во политичка и економска смисла во Европа, што ќе се одрази и врз глобалната економија.
Повикувајќи се на „демократското педигре“ на Грција, премиерот Алексис Ципрас минатиот викенд изјави дека Грците мора да испратат звучна демократска порака на европската и на светската заедница. Меѓутоа, некои референдумот го сметаат за карикирање на демократијата. Тие потенцираат дека од избирачите се бара за судбината на земјата да се изјаснат со „да“ или „не“, на прашањето напишано со неразбирлив бирократски јазик и се бара да донесат одлука за програма којашто всушност не постои веќе, бидејќи се темелеше на тоа Грција да го отплати јунскиот долг кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вредност од 1,6 милијарди евра, што Атина не го стори.
Прашањето гласи:; Треба ли предлогот кој го изнесоа Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот моентарен фонд на состанокот на Еврогрупата на 25-ти јуни 2015-та, а кој се состои од два дела, кои заедно го прават нивниот сеопфатен предлог, да биде прифатен? Првиот предлог за вика “Реформи за завршување на актуелната програма и понатака’ и вториот ‘Анализа на одржливоста на прелиминарниот долг’“. Квадратчето за „не’, одговор кој го заговара владата, е поставено над квадратчето за „да“.
Владата повикува да се гласа со „не“ за поранешен предлог, а челниците на другите земји молат да се гласа со „за“, така деновите изгледа животот во Грција – земјата на сонцето и долгот, пишува The New York Times, и истакнува дека грчките избирачи се меѓу европскиот чекан и наковалната на Сириза.
Гласачите, всушност, добија само една седмица, откако Ципрас ненајавено откако ги напушти преговорите во Брисел ноќта кон минатата сабота го објави одржувањето на плебисцитот, да размислат подлабоко за бенефитите или за последиците за Грција и за нејзината иднина во Европа, и остануваат и натаму збунети. Никој точно не им кажува на Грците што всушност ќе добијат доколку кажат „да“ или „не“. Оттаму, резултатите од референдумот практично е невозможно да се предвидат. Анкетите покажуваат речиси подеднаква определеноста на гласачите и за двата понудени референдумски одговора.
Советот на Европа објави во средата дека референдумот не е во согласност со меѓународните стандарди, коишто бараат најмалку две седмица јавна расправа и едноставно прашање.
Единствено е познато дека Грција влегува длабоко во непозната зона. Банките се затворени, откако не ги плати последните рати кон ММФ е во технички банкрот, а без новата финансиска помош, со ратите кои доспеваат во јули и август веројатно и практички ќе банкротира.
Владата ги повикува гласачите да гласаат против програмата на кредиторите, кои ги нарече ултиматум, и тврди дека така ќе биде зајакната нејзината преговарачка позиција во Брисел. Европските челници, пак, велат дека таквиот исход би бил нарушување на правилата во еврозоната и може да значи грчко излегување од еврозоната.
„Ова е многу популистички и исконски нечесен начин на решавање на извонредно чувствително прашање. Целата приказна изгледа како да доаѓа од Алиса во земјата на чудата. Го ставија на маса договорот кој во меѓувреме е повлечен, кон не може да биде одбиен бидејќи го нема. Нема време за јавна дебата, прашањето е нејасно, а пораките коишто ги испраќа владата подлажуваат“, вели за Reuters Џералд Кнаус, основач на Европската иницијатива за стабилност, тинк-тенк за југоисточна Европа.
Владата на Сириза на вонредните парламентарни избори на 25-ти јануари годинава победи благодарејќи на ветувањата дека ќе ја прекине омразената политика на остри штедења. Меѓутоа, од доверителите доби понуда „земи или остави“, за којашто Ципрас тврди дека дополнително ќе ја задуши грчката економија. А тврди и дека евроспктие партнери не сакаат Грција да го напушти еврото, бидејќи се плашат од дополнителен распад на Европската унија, па ќе бидат присилени да направат компромис доколку Грците гласаат против предлогот на доверителите. Но, бидејќи никаков документ кој би ги поткрепувал тврдењата на премерот, а и малку кој би го разбрал, не е презентиран, теоријата на Ципрас стои на стаклени нозе. Особено откако во понеделникот банките останаа затворени поради контролата на движењето на капиталот и ограничувањето на сумата која дневно може да се вади од банкоматите, по што дојде до забележливо намалување на процентот во анкетите на оние кои би гласале „не“.
Во играта на размени на предлози и противпредлози меѓу Брисел и Атина , која не даде резултати, Ципрас последниот предлог го испрати откако веќе го свика референдумот. Тоа е третиот негов предлог, првите два беа остро осудени како бедни и несериозни, и сега Ципрас всушност бара од Грците да се изјаснат за предлог кој не постои.
Во грчката влада не се согласуваат дека распишувањето на плебисцитот на овој начин е популистички потег. „Прашањето е од економската сфера префрлено на полетот на демократијата. Ние треба да одлучуваме за нашите национални прашања“, изјави за грчките медиуми заменикот министер за административни реформи, Јорго Катругалос.
Според некои аналитичари, пак, Ципрас не може да ги убеди порадикалните фракции во Сириза, коишто му се закануваа со излегување од коалицијата, да го поддржат договорот со доверители, па го распишал референдумот како излез од ќорсокакот. „Тоа е политичка тактика да се надомести владиниот неуспех да се постигне договор кој може да се протурка низ парламентот“, вели атинскиот аналитичар Никос Малкуцис.
Во меѓувреме, последната анкета покажа дека поборниците за прифаќање на понудата на доверителите првпат излезе во мала предност, но исто така се појавија и анкети кои мала предност дават на противењето на предлогот, за разлика од уверливата предност на две седмици пред референдумот да биде распишан. Аналитичарите сметаат дека оваа промена на расположението е предизвикана со најавите дека доколку се гласа со „не“ банките нема да отворат и ќе останат без пари и поради острото предупредување од ММФ дека тоа ќе ја соочи Атина со финансиска берза. Меѓутоа, дополнителен поттик на противењето му дадоа објавените досега непознати белешки на ММФ, дека на Грција ќе ѝ бидат потребни уште десетици милијади евра и уште многу години да ја врати својата финансиска стабилност, без разлика дали навремено ќе ја добие странската помош.
Многумина сепак се согласни дека гласот „за“ бездруго би значело крај на Ципрас на премиерската должност. Неговата влада најверојатно веднаш би се повлекла, а грчкиот претседател би требало да состави влада на национално единство од другите партии.
Гласачките места се отворени од 7 до 21 часот, а станува збор за повеќе од 19 илјади. Право да гласаат ќе имаат 9.855.000 гласачи, а од нив 108.000 се 18-годишници кои првпат ќе учествуваат во изборен процес. Но правото да гласаат ќе може да го остварат само оние кои во недела ќе бидат во Грција, и поради тоа многу Грци викендов се вратија во татковината за да учествуваат на референдумот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.
Регион
Трамп ги спомена Србија и Косово: Ако не се согласувате, јавете ми се
Набројувајќи ги конфликтите што ги реши во претходниот период, претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанокот на Одборот за мир ги спомена Србија и Косово, велејќи им на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат.
„Еден пример се Косово и Србија“, рече Трамп, повикувајќи ги лидерите да станат, иако Србија не се приклучи нa Oдборот, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, стана од своето место кога Трамп ја повика.
„Косово, Србија. Јас го направив тоа. Можете ли да станете, ако некој од вас е тука? Само станете на секунда. Косово, Србија, станете! Ви благодарам многу! Го цениме тоа! Одлично, а вие се согласувате. И кога не се согласувате, ме викате и ќе го решиме тоа, нели? Ќе го решиме“, рече Трамп на првиот состанок на Мировниот комитет, јавија српскките медиуми.
Вчера, во Вашингтон се одржа првата седница на Одборот за мир, основан на иницијатива на Трамп, а тоа е тело кое треба да работи на решавање на глобални безбедносни кризи и војни.
Првата задача, како што беше најавено, ќе се однесува на конфликтот во Појасот Газа.
Во јуни 2025 година, американскиот претседател одржа прес-конференција во Хаг на која се пофали со своите достигнувања, за кои верува дека ги постигнал како претседател на Америка.
Еден од примерите што ги наведе Трамп е дека, како што рече, тој спречил потенцијален конфликт меѓу Србија и Косово.
„Србија токму беше на прагот да го стори тоа, но ние го спречивме“, рече Трамп тогаш.

