Регион
Косово ќе воведе санкции кон Русија
Се уште актуелната влада на косовскиот премиер во заминување Хашим Тачи планира да воведе санкции кон Русија, следејќи ја политиката на Европската унија (ЕУ), пишува косовскиот весник Ekspres.
Според советникот на косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај, Башмир Џемај, „владата и министерството се координирале и ја анализирале можноста да воведат санкции против Русија, како што тоа го направиле нивните партнери САД и ЕУ“.
„Ги преземавме сите мерки и законски подготовки, и сега останува само владата да ја стави на сила оваа одлука“, изјавил Џемај за Ekspres./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Работник шест дена бил заробен на планина кај Бихаќ, на екстремни минусни температури
Работникот кој шест дена беше заробен на планината Плешевица кај Бихаќ, конечно е спасен и е безбеден, а откриено е и како ги преживеал многу ниските температури.
Според информациите, вчера во 15 часот и 30 минути четиричлена екипа на ГСС Бихаќ тргнала од Заваље за да го спаси завеаниот работник на Плешевица кој шест дена се криел во контејнер на екстремни температури и снег.
Како што велат, планинарската патека Заваље-Буква била непроодна поради над еден метар снег, па екипата се одлучила за друг пат иако бил подолг.
„После осум километри моравме да продолжиме пеш низ длабок снег користејќи чевли за снег. Работникот го најдовме околу 21:30 часот во контејнер, каде што помина шест дена поради невремето и студот. Беше неповреден и имаше доволно храна, но истоштен “, велат од ГСС Бихаќ.
На враќање, движењето било забавено поради болката и заморот на жртвата, што ја отежнало акцијата.
„По 12 часа и 26 километри поминати со искачување од 1.600 метри, акцијата беше успешно завршена во 04:30 часот со пристигнувањето во Заваље. Оваа тешка и исцрпувачка интервенција уште еднаш ја покажува одлучноста и подготвеноста на нашите екипи“, нагласи ГСС Бихаќ.
Регион
Вучиќ: Со Трамп, во Украина мирот е поблиску
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека е потребен рационален пристап за да се стави крај на крвопролевањето во Украина и дека со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, мирот е поблиску, доколку не дојде до ескалација пред тој да ја преземе функцијата.
„Многу работи ќе се променат. За Доналд Трамп стратешките односи со Кина ќе бидат многу важни, тоа мора да ни биде јасно на нас Европејците“, изјави Вучиќ за германски „Ханделсблат“ на прашањето дали односите меѓу САД и Европа ќе бидат потешки откако Трамп ќе ја преземе власта.
Како што оцени, добро е што Германија ги прошири контактите со Кина, што сега треба да се случи и на европско ниво.
Регион
Maж во БиХ ја убил сопругата, па самиот се пријавил во полиција
Нов случај на фемицид се случи во Босна и Херцеговина, каде 63-годишен маж ја застрела сопругата, потврди локалното обвинителство. Злосторството било извршено синоќа во градот Кључ во северозападниот дел на Босна, а полицијата за тоа добила информација утрово.
Веднаш го известиле жупанското обвинителство, а од таму потврдиле дека истрагата утврдила дека во семејна куќа во населбата Велагиќи маж со иницијали К.М. (63) пукал и ја убил сопругата.
Тој се предал во Полициската станица Кључ и веднаш бил приведен. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на оваа трагедија.
Зголемениот број и бруталност на убиства во кои жртвите биле сопруги или партнери на луѓето кои ги убиле, предизвикаа нов бран протести во земјата и сè поинтензивна кампања против родово базираното насилство, но законодавството во БиХ сè уште не го дефинира фемицидот како особено тежок облик на кривично дело што би се казнило построго.
Фемицидот во правната практика се дефинира како родово засновано убиство мотивирано од чувството на супериорност над жените.
Дополнително, голем процент од жените во БиХ се изложени на различни форми на насилство, па во првите девет месеци од 2024 година речиси пет илјади од нив побарале помош и совет преку специјално воспоставените СОС телефонски линии.
Нема официјална статистика која би важела за цела БиХ и би третирала случаи на фемицид, но различни невладини организации во таа земја собрале информации за најмалку 60 жени кои биле убиени од нивните партнери од 2015 година. Податоците се достапни на веб-страницата на организацијата Мрежа на жени.