Регион
Ковач: Хрватска не ја блокира Србија, туку ѝ помага да се трансформира

Хрватска не ја блокира Србија на патот кон европските интеграции, туку и помага да се трансформира и да стане зрела за членство во Европската унија (ЕУ), а тоа е долгорочна корист за односите меѓу двете земји, изјави во понеделникот во Варшава хрватскиот министер за надворешни работи Миро Ковач, пренесуваат хрватските медиуми.
Одговарајќи на прашање дали Хрватска ја блокира Србија на патот кон ЕУ, Ковач потсетил дека Србија формално ги започна преговорите за членство во јануари 2014-та година, а првите две преговарачки поглавја беа отворени дури во декември 2015-та.
„Знаете ли зошто? Се работеше за Косово. Германија и Велика Британија инсистираа Србија да отвори дијалог и воспостави односи со Косово. Дали сте слушнале некој во Србија или во ЕУ да говори за блокада кон Србија? Секако дека не сте слушнале“, рекол Ковач, говорејќи на трибината „Хрватска – најмладата членка на ЕУ“.
„Хрватска ѝ помага на Србија да ги исполни критериумите кои се клучни за најважното поглавје во преговорите, а тоа е поглавјето кое се однесува на правосудството, фундаменталните права и слободата. Хрватска има доста пријателски пристап“, нагласил хрватскиот министер, додавајќи дека холандското претседателство со ЕУ има амбиции поглавјето 23 од преговорите со Србија да биде отворено во јуни, но дека „Хрватска сака некои работи да се вклучат во преговарачките мерила“.
Ковач исто така се осврнал и на бегалската криза низ која поминува Европа и нагласил дека ЕУ треба да осмисли единствена стратегија по ова прашање. Хрватска воспоставила добра соработка со соседните земји, Австрија, Словенија, Србија и Македонија, а ова придонело, заедно со договор меѓу ЕУ и Турција, за забавување на доаѓањето на бегалците од Блискиот Исток по т.н. балканска рута и ја ублажило бегалската криза./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.