Регион
Крајната десница формира анти ЕУ група?

Партиите на крајната десница од Франција, Холандија и Италија, во понеделникот соопштија дека имаат доволно поддршка да формираат група анти – Европската унија, но засега не е јасно кој би влегол во оваа група.
Анти-имиграцониот и анти-евро Националниот фронт на Марин Лепен соопшти дека ќе формира група со името „Европа држава и слобода“, откако тоа не успеа да го стори пред една година, што ќе им донесе дополнителни фондови, службеници и „тежина“ во собранието на ЕУ, јавува Reuters.„Во вторник во Брисел ќе ја претставам нашата група ‘Европа држава и слобода’, објави Лепен на својот Twitter профил, следејќи слични твитови на своите сојузници, меѓу кои и лидерот на холандската Слободарска партија, Герт Вилдерс.Се очекува во вторник Лепен и Вилдерс да одржат конференција за медиумите на оваа тема. Победата на националистите, евроскептичните партии, пред неколку години на изборите во Европскиот парламент ги запрепастија политичарите од центарот во ЕУ и доведоа до поместување на силите, по што законите се усвојуваат многу потешко. /крај/мф/ффс
Извор: Tanjug
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.