Регион
Кремљ: Истанбулскиот напад можеби е резултат на игнорирањето на сигналите од Москва
Кремљ во средата соопшти дека верува дека неодамнешниот троен бомбашки напад врз истанбулскиот меѓународен аеродром „Мустафа Кемал Ататурк“ во кој беа убиени 45 луѓе, би можел да биде резултат на тоа што турските и европските безбедносни служби ги игнорирала сигналите од Москва за можни терористи од кавкаската и центаралноазиската област кои се кријат во Турција и во Европа.
„Од пред повеќе години, руската страна ги информираше нашите турски и европски колеги за лица осомничени за поврзаност со тероризам…, коишто наоѓаат засолништа во Турција и во многу други европски земји“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на брифинг со новинарите во средата.
„Во повеќето такви случаи сигналите од руска страна не добиваа внимание каква што заслужуваат, ниту каква и да е реакција од нашите колеги. За жал, тие (напади) би можеле да биде последица од таквото игнорирање“, додаде Песков.
Според последните податоци, во нападот од пред една седмица загиналe 45 луѓе, од кои 19 се странски државјани, а 239 луѓе се повредени, и со тоа стана најсмртоносниот терористички акт изведен оваа година на територијата на Турција.
Турските власти во вторникот уапсија уште 17 осомничени од кои 11 се руски а шест се турски државјани, кои се обвинети за вмешаност во тројниот самоубиствен бомбашки напад, за кој турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека биле дело на исламистите на Исламската држава од поранешниот Советски сојуз.
Со апсењата од вторникот вкупниот број притворени за нападот се зголеми на 30, откако од претходните триесетина лица уапсени во врска со тројниот бомбашки напад од 28-ми јуни вечерата а 13 беа задржани во притвор. Тројца од уапсените во неделата се странски државјани.
„Тоа се луѓе од Дагестан (немирната муслиманска кавкаска република во Руската Федерација – з.р.), Киргистан и Таџикистан“, додаде Ердоган споменувајќи ја руската севернокавкаска покраина и двете поранешни советски држави во централна Азија.//крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

