Регион
Курдска група ја презема одговорноста за нападот во Анкара
Курдската група Курдистански соколи на слободата (ТАК) ја презема одговорноста за терористичкиот напад од 17-ти февруари вечерта во турската престолнина Анкара врз воени автобуси, во кој загинаа 28 луѓе а 80 беа ранети, објавено е во петокот вечерта на интернет страницата на групата.
Според групата, нападот го извршил со далечински активирана експлозивна направа во автомобил Зинар Раперин (Абдулбаки Сонмез), борец на „Баталјонот на бесмртните“, групација којашто е дел од организцијата Курдистански соколи на слободата (ТАК).
Во соопштението на ТАК се истакнува дека нападот бил одговор за политиката на турските власти и исламско-конзервативната Партија на правдата и развојот (AKP). „Тоа беше одмазда за убиените во Чизре (округ во југоисточната покраина Ширнак, каде што турските безбедносни сили спроведуваат операции против курдските герилци – з.р), беспомошни цивили“, се наведува во соопштението. Исто така, се ветуваат нови напади.
ТАК, којашто се смета за отцепена група на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), и во минатото преземаше одговорност за голем број напади во Турција, како оној на истанбулскиот аеродром „Сабина Ѓукчен“ во декември кога загина едно лице, а уште едно беше сериозно повредено.
Во нападот во средата навечер во центарот на Анкара загинаа 20 високи офицери и осум цивили. Лицето коешто го управувало возилото полно со експлозив уништило неколку воени автобуси во близина на Генералштабот, и е идентификувано како Салих Нечар кој загинал во експлозијата. Идентификуван е со помош на отпечатоци од прстите кои му биле земени во имиграциските служби при неговото неодамнешно влегување на турска територија како бегалец од Сирија, соопшти истрагата.
Турските власти и истрагата вината за нападот ја префрлуваат врз Партијата на демократскиот сојуз (PYD) на сириските Курди, односно на нејзиното милитантно крило Единиците за заштита на народот (YPG).
Челникот на партијата PYD, Салих Муслим, веднаш во средата изјави дека партијата на сириските Курди, чиишто позиции во покраината Алепо изминатиот викенд ги гранатираше турската артилерија, воопшти не е вмешана во нападот во Анкара. Чемил Бајик, високо позициониран герилец на PKK, пак, изјави дека не знае кој стои зад нападот, но дека тој би можело да биде одмазда./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

