Регион
Куртулил од експлозијата бидејќи немал лична карта

Работник, кој требало да биде на смена во време кога се случи трагичната експлозија во фабриката во Горни лом, во Бугарија, останал жив само проади тоа што дента немал лична карта, јавија бугарските медиуми.
Работникот бил вратен од работа бидејќи немал во себе документ за идентификација, изјави градоначалникот на оптина чупрени, Вањо Костин.
Претходно беше објавено дека уште еден работник се спасил од сигурна смрт со што што не се јавил на рабтоа во рпедиденото време.
Иако неговата картичка регистрирала дека тој е на работа, сепак работникот не бил внатре.
Претпријатието за експлозиви од Горни Лом имало 50 вработени.
Ангажирани се тројца психолози кои се во постојан контакт со семејствата на работниците кои биле во фабриката во моментот на несреќата.
Првичните официјални информации за бројот на настрадани во несреќата се очекуваат 24 часа по несреќата. Претходно беше соопштено дека во моментот на експлозијата во фабриката имало 12 работници и тројца раководители. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.