Регион
Лајчак: ЕУ не смее да ги демотивира земјите кандидати

Шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак ја предупреди Европската унија (ЕУ) дека не смее да ги демотивира земјите кандидати преку разни изјави и дека кредибилетот на процесот на проширувањето на Унијата зависи од тоа дали двете страни ги почитуваат договорените правила.
„Тоа значи дека правилата не се менуваат за време на пристапниот процес кој мора да биде реален и достапен. Гледано од тој агол, некои пораки од Брисел кон земјите кои тежнеат кон членство и не се баш мотивирачки“, изјавил Лајчак во интервју за словачката агенција TASR.
Лајчак објаснил дека ова се однесува на изјави како онаа на шефот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер дека нема да има ново проширување на време на петгодишниот мандат на оваа Комисија.
„Секој кој детално го познава процесот знае дека за време на оваа ЕК тоа ниту технички не е возможно. Но, тоа може да се каже и поинаку“, рекол Лајчак.
Шефот на словачката дипломатија потсетил дека политиката на проширувањето е клучна за самата Унија и дека е успешна, пофалувајќи ги кандидатските земји и западен Балкан, односно дека тие се доста реални, знаат дека треба да ги сработат своите домаши задачи бидејќи евроинтеграциите се нивната стратешка одлука.
„Сигурни се дека нас ќе нè убедат преку конкретни резултати на реформи и воведување на европски стандарди. Слушнав изјава уште од првиот ден по минувањето на тие пет години ќе се направи сè за некој од нив да влезе во Унијата. Ми се чини дека тоа е доста реален пристап“, рекол Лајчак.
Според словачкиот министер, Словачка за време на своето претседавање со Унијата, во второто полугодие од 2016-та година ќе му го посвети потребното внимание на процесот на проширувањето, а ова ќе се однесува пред сè на западниот Балкан./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин