Регион
Лекар пребегнал кај талибаните од Британија преку Хрватска

– (Тарик Али – лево)
Британски хирург кому требало да му се суди поради напад, побегнал од земјата и преку Хрватска стасал во Пакистан каде што станал висок функционер на талибаните, пишува весникот The Telegraph.
Британски хирург кому требало да му се суди поради напад, побегнал од земјата и преку Хрватска стасал во Пакистан каде што станал висок функционер на талибаните, пишува весникот The Telegraph.
Мирза Тарик Али, 39-годишен, успеал да им побегне на британските власти, иако му го одземале пасошот во очекување на почетокот на судењето. Тој повторно се појави минатата седмица во видео снимка за регрутирање нови припадници на талибанската група во која и повикува џихадистите да му се придружат.Али побегнал од Велика Британија во намерата да отпатува во Сирија за да ѝ се придружи на Исламската држава, според неговото видео снимка, додека го очекувал судењето за насилничко однесување на протестите на кои повикувал на џихад во Сирија. Во отстуство сега е осуден на 15 месеци затвор.Во видео снимката Али тврди дека бил притворен во Хрватска и депортиран во Пакистан за да не биде израчен на Британија за отслужување на казната. Рекол дека додека се настојувал да се придружи на Исламската држава бил уапсен некаде по патот и притворен во Хрватска.По пуштањето на слобода во Хрватска, Али бил депортиран во Пакистан каде што ѝ се придружил на пакистанската талибанска група Тарик-е-Талибан Пакистан Џаматул Ахрар.Овој хирург, кој во Британија дошол во 2004 година од Пакистан каде што бил воен лекар, е еден од сѐ поголемиот број познати исламски екстремисти кои побегнаа пред затворските казни за да водат „света војна“ во странство, пишува The Telegraph./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.