Регион
Лезбос: Експлозија пред канцеларијата на поранешен министер

Пред канцеларијата на поранешниот министер за правда на грчкото острово Лезбос во петокот рано изутрината одекна експлозија по која избувна пожар, при што никој не е повреден.
Пред канцеларијата на поранешниот министер за правда на грчкото острово Лезбос во петокот рано изутрината одекна експлозија по која избувна пожар, при што никој не е повреден.
Неименуван претставник на полицијата наведе дека нападот најверојатно е поврзан со бегалската криза која го потресува грчкото острово.
Полицијата наведе дека во станува збор за импровизирана експлозивна направа со плинска боца.
Експлозијата одекна пред канцеларијата на Хараламбос Атанасиу, кој во владата на премиерот Антонис Самарас првин беше заменик министер за внатрешни работи, а потоа и министер за правда.
По експлозијата избувна пожар во кој изгоре канцеларијата.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, наведува Ројтерс.
На стотици илјади бегалци, претежно од Сирија, минале годинава од Турција на грчките источни острови, при што најголем дел на Лезбос и на Кос, кои се во близина на турската граница. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.