Регион
Медиуми: Атина бегалците директно ги праќа во Македонија

Проблемите на бегалците кои патуваат од Грција кон Македонија не сопираат со пристигнувањето на европскиот брег, пишува бугарската агенција БГНЕС.
Во репортажата на БГНЕС се опишува како пристигнатите околу 200 бегалци на грчко-македонската граница биле пречекани од страна на македонски полицајци со зборовите дека границите се затворени и дека нема да има воз. Дел од бегалците пристигнале со камиони, а другите чекаат на пероните, во очекување да го продолжат патот.
Дел од нив ги покажале документите кои им се дадени од страна на грчките власти, а со нив практично Атина директно ги насочува кон Македонија бегалците од Сирија и други државите, кои пристигнуваат на грчкте островите.
Од овие документи се гледа како на бегалците директно им се наредува да одат во службата за бегалските прашања – наведена е улицата, датумот и работното време на институцијата. Експлицитно е потенцирано дека имигрантите немаат право да останат на островот Крф или, пак, во градовите Кукуш или Солун, пишува БГНЕС.
Документите се напишани главно на грчки јазик, додека, пак, само упатствата за работата на имиграциските служби и забраната за останување на грчка територија се преведени на англиски и на арапски.
Пристигнатите бегалци во Македонија потоа добиваат документи на кои на англиски и француски јазик им е објаснето дека цената на билетот за возот Гевгелија-Табановце е 10 евра и дека без купен билет на имигрантите нема да им биде дозволено да се качат.
Во последните два месеца во Македонија од Грција влегле над 41 илјада луѓе, а од четвртокот во Македонија е прогласена вонредна состојба на јужната и северната граница./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.