Регион
Медиуми: Следбениците на Ѓулен планирале атентат на Ердоган уште во 2012
Следбениците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД а Анкара го обвинува за неуспешниот обид за воен преврат од средината на јули, се обиделе да го убијат турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган уште во 2012 година за време на хируршка операција, пишува весникот Yeni Safak.
Весникот се повикува на Хусеин Саричичек, кој учествувал во истрагата и предал во обвинителство повеќе од 200 тајни документи за големиот корупциски скандал во 2013 година, за кој исто така беше обвинета „паралелната структура“, како што официјална Анкара ја именува структурата на следбениците на поранешниот имам Фетулах Ѓулен притаени во правосудството, образованието, полицијата, војската и медиумите. Сраичичек раскажал дека слушал разговор меѓу двајца поддржувачи на Ѓулен, кои зборувале за неуспешен обид да се убие тогашниот турски премиер Реџеп Тајип Ердоган.
„Меѓу другото, јас видев како Неџед Ичел (еден од следбениците на Ѓулен) се дереше на полициски комесар и го нападна во градина: ‘Камо можело да не се јави на операцијата? До Бога, кој го предупредил? Како успеал да ѝ избега на смртта?“, го цитира весникот искажувањето на Саричичек.
Според него, Ердоган во последен момент ја откажал операцијата .
Кон средината на декември 2013 година турската полициска спроведе голема операција во борба против корупцијата, во која беа уапсени десетици бизнисмени, високи функционери и министри и членови на нивните семејства под сомневање за местење на тендери, злоупотреби на службените овластувања и корупција.
Турските власти и тогаш и по неуспешниот преврат од ноќта од 15-ти кон 16-ти јули го обвинија Ѓулен и неговото движење „Хизмет“ за обид за уривање на владата. Анкара бара од САД да ѝ биде предаден Ѓулен, кој самиот го осуди обидот за пуч и отфрла свое учество во него./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА

