Регион
Меѓународниот суд на правдата ги отфрли меѓусебните тужби за геноцид на Србија и Хрватска
Меѓународниот суд на правдата (МСП) ги отфрли и тужбата на Хрватска и противтужбата на Србија за извршен геноцид на хрватска територија во периодот од 1991 до 1995 година, пренесува Б92.
Како што навел претседателот на судот, Петр Томка, нити Хрватска нити Србија не успеале да докажат дека другата страна извршила геноцид, па така одбиени се и барањата за отштета.
Во образложувањето на одлуката, Томка навел дека имало намери за насилно иселување на двете групи во делови на хрватската територија, но дека крајната цел не била физичко уништување, што е потребно за делото да се оквалификува како геноцид.
Судот утврдил дека југословенската народна армија (ЈНА) и српските сили извршиле повеќе дела против заштитените групи, но со намера „воено да ги казнат“ или иселат.
„Судот ја одбива тужбата на Хрватска. Хрватска не докажа дека се работи за намерна делумно или целосно да се уништат Хрваттите. Делата кои содржат „актус реус“ геноцид не се извршени со специфична намера, која е потребна за делото да се оквалификува како геноцид“, рекол Томка.
Што се однесува до српската противтужба, Томка навел дека дури и да се докаже дека постоела намера кај хрватските лидери да се избрка српското население од територијата на Хрватска, нема докази дека целта била физичко уништување на населението.
„Поради тоа судот целосно ја отфрла тужбата на Србија“, рекол Томка.
Пресудата на МСП е конечна и обврзувачка за сите членки на ОН и државите имаат обврска да постапат според неа и да не се жалат на истата.
Пресудата за тужбата и противтужбата на Хрватска и Србија била донесена од страна на вкупно 17 судии, 15 постојани судии и двајца ад хок судии од Србија и Хрватска.
За отфрлување на хрватската тужба гласале 15 судии, а одлуката за отфрлувањето на противтужбата била донесена едногласно.
Со изрекувањето на пресудата завршува процесот кој во 1999 година беше покренат од страна на Загреб, тужејќи ги властите во Белград за геноцид кои силите на СФРЈ и СР Југославија наводно го извршиле на хрватска територија.
Србија на ова одговори десет години покасно, поднесувајќи противтужба за геноцид, според која хрватските сили извршиле геноцид над Србите во Книнска Краина, за време и по операцијата „Бура“ во 1995 година.
Во тужбата против Србија, Хрватска тврди дека официјален Белград е одговорен за „етничко чистење“ на хрватските граѓани како „облик на геноцид“, поради тоа што „директно ги контролирал активностите на своите оружени сили, разузнавачките агенти и разни паравоени одреди кои извршиле злосторства на територијата на Хрватска, во регионот на Книн и источна и западна Славонија и Далмација“.
Во противтужбата пак, Србија тврди дека хрватските власти извршиле геноцид за време на операцијата „Бура“, во август 1995 година, во намерата целосно или делумно да се уништат краишките Срби како етничка група. Геноцидот, како што се наведува во противтужбата, бил извршен со убиствата и нанесувањето на сериозни физички и психички повреди на припадниците на српската заедница./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.

