Регион
Мектиќ: Во БиХ не постојат кампови за обука на терористи
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина (БиХ), Драган Мектиќ, изјави дека во БиХ не постојат логори за обука на терористи, но дека во земјата, сепак, постојат следбеници на радикалните идеологии, пренесуваат босанските медиуми.
„Во БиХ не постојат терористички кампови во кои би се обучувале екстремисти, доколку тие постојат ние сигурно би знаеле за нив“, изјави Мектиќ, демантирајќи ги пишувањата во медиумите дека во земјата постојат логори во кои се обучуваат терористи и екстремисти.
Босанскиот министер додаде дека во земјата, сепак, има мал број граѓани кои се следбеници на екстремистичките насилни идеологии и наведе дека околу 130 државјани на БиХ, припадници на радикалното вехабистичко движење престојувале или, пак, сé уште се наоѓаат во Сирија и Ирак, каде војуваат на страна на терористичката организација Исламска држава.
Војувајќи на страната на Исламска држава загинале 43 државјани на БиХ, додека околу педесетина се вратиле во земјата.
Мектиќ напомена и дека четворица граѓани на БиХ војуваат во Украина, и се соочуваат со заканата од петгодишна казна затвор, која според законите на БиХ ќе им се изрече на оние кои учествуваат во странските војни.
Во однос на бегалската криза, Мектиќ изјави дека не верува оти ќе дојде до промена на рутата на бегалците од Сирија, кои одат до Грција, преку Македонија до северна Србија и Унгарија, и дека БиХ ќе се најде како пропратна станица на новиот пат до западна Европа./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

