Регион
Меркел не патува во Турција, се чека одлуката за хумористот кој го навреди Ердоган
Германската канцеларка Ангела Меркел нема во сабота да отпатува за Турција на отворањето на центарот за прифаќање бегалци како што најави Анкара, соопшти во средата германската влада, во период додека траат полемиките за телевизиските емисии во кои е исмејуван турскиот претседател.
„Последните денови и седмици десетина пати ме прашаа за таа посета на 16-ти април и ниеднаш не го потврдив тоа патување. Така и ќе остане. Во сабота, на 16-ти април, канцеларката нема да патува за Турција“, изјави портпаролот на германската влада Штефан Зајберт на редовната прес-конференција.
Зајберт притоа не даде никакво образложение, а агенциите потсетуваат дека турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека на 16-ти април „европските челници и Меркел“ во Килис, на југот од Турција, ќе го отворат центарот за прифаќање на бегалците.
Германските власти досега ниту ја потврдуваа, ниту ја негираа посетата на канцеларката Ангела Меркел на Килис, кој неретко е цел на гранатирања од територијата на соседна Сирија, забележува AFP.
Оваа информација доаѓа во моментите кога германско-турските односи се затегнати последните седмици поради две германски телевизиски сатири насочени против турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. По емитувањето на првата во која се критикува односот на турскиот претседател Ердоган кон медиумите, но и неговото живеење во наводен раскош, беше прикажан како беше повикан германскиот амбасадор во Анкара, а по втората во којашто тој е прикажан како педофил и зоофил, турската влада побара кривичен прогон за хумористот Јан Боемерман.
Германската влада мора деновиве дали го одобрува прогонот на хумористот поради „навредување претставник на странска држава“, за што Боемерман може да добие три години затвор. Хумористот во меѓувреме и самиот призна дека неговата сатирична песна во којашто се навредува Ердоган, го крши германскиот закон.
Меркел најави дека одлуката за кривичниот прогон ќе биде донесена независно од целите на соработката со Турција поради намалувањето на имигрантите во Европската унија, откако некои медиуми објавија дека канцеларката се наоѓа во непријатна позиција, бидејќи стравува од нови уцени од Анкара. Покрај тоа, во вторникот во подолго излагање таа инсистираше на неопходноста од почитување на „слободата на говорот, мислењето и академските слободи“ како темелни вредности./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

