Регион
Милан Бандиќ, омилен поради работливоста, омразен поради аферите
Загрепскиот градоначалник, Милан Бандиќ, кој беше приведен во неделата, во својата долгогодишна политичка кариера постојано го привлекуваше вниманието на јавноста, некои го поддржуваа како работлив градски татко, а некои го критикуваа поради бројните афери поврзани со неговото име.
Политичката кариера ја започнал како млад член на Сојузот на комунисти, а ја зацврсти по осамостојувањето на Хрватска како еден од основачите на СДП од којашто беше исфрлен во 2009 година поради неговите амбиции да стане претседател на Републиката против волјата на партијата.Во својата кариера нанижа многу корупциски афери со кои успешно се справуваше, дури и кога ослабе политички, поради губењето на претседателските и парламентарните избори. За себе секогаш зборуваше дека е социјалдемократ, но во последните години се повеќе ја привлекуваше наклонетоста на десно ориентираното избирачко тело. Својата политичка сила ја потврди на последните локални избори на коишто освои петти градоначалнички мандат, прв без поддршка СДП, при што неговата листа освои најмногу места во Градското собрание. Медиумите го обвинуваа за корупциски афери, од прескапо WC на Чрномерец, изменет Детален урбанистички план, спорни набавки на градски автобуси и екопаркот „Крашоград“ до сомнителни претседателски кампањи, замена на градски земјишта и градежни малверзации.Сепак Бандиќ сите овие афери ги отфрлаше, одмавнувајќи со раката и повторувајќи „институциите нека си ја работат својата работа“. Но, дел од јавноста го фалеше како вреден градоначалник кој работи од утро до мрак „ровари“ на терен и ги посетува и најзапуштените квартови. Настапот на следните парламентарни избори го најавуваше под слоганот „градоначалник на Хрватска“, а од неговите изјави можеше да се заклучи и дека повторно има амбиции да се кандидира за претседател на државата.Неговата политичка моќ привремено беше нарушена кога градоначалничката позиција мораше да ја замени и да биде заменик откако избега од местото на сообраќајната несреќа којашто ја предизвика под дејство на алкохол.Надлежните институции најблиску му пријдоа кога ги истражуваа неговите најблиски соработници. Јавноста дозна дека и Бандиќ е под „тајни мерки“ во јули оваа година.Претресот на домот на Бандиќ траел седум часа, а градоначалникот ноќта ја поминал во полиција. Се бараа докази и документи коишто би го поврзале со коруптивните дела,, злоупотреба на службената положба и овластувањата и тргување со влијание за кои го сомничи УСКОК./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

