Регион
Милановиќ: Проширувањето на ЕУ не е во фокусот

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во средата во хрватскиот Сабор изјавил дека проширувањето на Европската унија (ЕУ) веќе некое време не е во фоскусот на европската политика, пренесуваат хрватските медиуми.
Премиерот на најмладата членка на Унијата нагласил дека Хрватска е меѓу оние земји членки која се залага политиката на проширување да не биде заборавена на „долг рок“.
„Сметаме дека ЕУ мора активно да чекори кон Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија и Косово. Тој исчекор, со инсистирањето на усвојувањето на високите стандарди, е геополитичка потреба и најефикасно средство за смирување на сите видови меѓудржавни, меѓуетнички и социјални тензии на овие простори“, навел Милановиќ, пренесува Hina.
Хрватскиот премиер, осврнувајќи се на терористичкиот напад над редакцијата на францускиот сатиричен весник Charlie Hebdo, порачал дека тоа сигурно ќе придонесе за поголем ангажман на целата Европска унија во врска со прашања за внатрешната безбедност и спречувањето на акциите на исламистичките терористи.
„Хрватска во ова има истакната и одговорна улога, пред се поради геополитичката положба и фактите дека нашите граници воедно се и надворешни граници на ЕУ и дека од 1 јули оваа година ќе аплицираме за влез во Шенген зоната“, нагласил хрватскиот премиер./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.