Регион
Млада жена се самозапали пред кабинетот на бугарскиот претседател
Една 38-годишна жена во понеделникот попладнето се самозапали пред објектот во кој е сместен кабинетот на бугарскиот претседател во центарот на Софија, објави министерството за внатрешни работи што потсетува на неколкуте слични драми во најсиромашната членка на Европската унија од 2013 година.
Една 38-годишна жена во понеделникот попладнето се самозапали пред објектот во кој е сместен кабинетот на бугарскиот претседател во центарот на Софија, објави министерството за внатрешни работи што потсетува на неколкуте слични драми во најсиромашната членка на Европската унија од 2013 година.
Несреќната жена има 90 отсто изгореници, и е во крајно критична состојба но е жива, соопшти началникот на Одделот за изгореници и пластична хирургија во болницата „Пирогов“, Огнјан Хаџијски за бугарските медиуми.Мотивите на жената идентификувана како Лидија Петрова која 15-години се занимавала со фотографија и работела за неколку медиуми, сé уште не се познати, но според првичните информации имала психички проблеми, а според нејзиниот сопруг изјавил дека имала страв за иднината на 10-годишниот син. Уште во понеделникот на Facebook таа ставила постови во кои не се насетува трагедијата.Сепак несреќата потсетува на протестите во Бугарија во периодот меѓу февруари и мај 2013 година кога во екот на протестите против корупцијата меѓу политичките елити и растот на животните трошоци кога шест лица си ги одзедоа животите, исто така, со самозапалување.Во Бугарија просечната плата изнесува 400 евра, и едно од пет семејства живее под прагот на сиромаштијата. Според една неодамнешна анкета, 69 отсто од населението ја оценуваат состојбата на нивната нација како „неподнослива“. Протестите ја бутнаа владата на Бојко Борисов, но по година ипол нестабилност, тој повторно победи на вонредните парламентарни избори на 5-ти октомври и се подготвува да управува со земјата со малцинска коалиција. /крај/мф/сн
Извор: (ФОТО:БГНЕС)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

