Регион
Могерини вџашена од реакцијата на Ердоган на нејзините критики
Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, којашто во неделата навечер невообичаено остро го критикуваше апсењето на новинари во Турција, изјави во понеделникот дека е „многу изненадена“ од реакцијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган која ѝ порача „да не се меша во неговите работи“.
Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, којашто во неделата навечер невообичаено остро го критикуваше апсењето на новинари во Турција, изјави во понеделникот дека е „многу изненадена“ од реакцијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган која ѝ порача „да не се меша во неговите работи“.
„Многу сум изненадена, бидејќи во текот на мојата минатонеделна посета (на Турција) водевме многу конструктивни разговори (…) за тоа како натаму“ во соработката меѓу Европската унија и Анкара, изјави Федерика Могерини на прес-конференција.
Турската антитерористичка полиција во неделата наутро изведе акција во тринаесет градови, како и во Истанбул, приведувајќи 27 лица, главно новинари и медиумски работници, меѓу кои и Екрем Думанли, главниот и одговорен уредник на весникот Zaman, еден од главните весници кои се критички настроени кон Ердоган, а е застапник на идеологијата на еден од неговите најголеми поранешни сојузници, исламистичкиот филозоф и проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во егзил во САД.
ЕУ во неделата навечер преку заедничкото соопштение на шефицата на дипломатијата Могерини и еврокомесарот за соседство и проширување Јоханес Хан, ги осудија споменатите полициски акции оценувајќи дека се спротивни на „европските вредности“ коишто Турција би морала да ги почитува доколку сака да стане членка на Европската унија, како и дека „се неспоиви со слободата на говорот“.
„Европската унија не може да се меша во мерките коишто се донесени (…) во рамките на законот, против елементите коишто ја загрозуваат нашата национална безбедност“, реагираше Ердоган во понеделникот во говорот кој го пренесуваше државната телевизија. „Нека си ја гледаат својата работа“, порача турскиот претседател во својот прв настап во јавноста по апсењата.
И турскиот премиер Ахмет Давутоглу порача дека „сите оние коишто се осмелиле да се инволвираат во владините кабинети и да ги прислушуваат доверливите разговори на претседателот и премиерот“ ќе одговараат пред законот. Според него, станува збор за создавање „паралелни институции“, со што алудираше на апсењата на началникот на антитерористичкиот одел во полицијата на Истанбул, како и на уште двајца полициски функционери во други турски покраини во неделната полициска акција.
Со новата Европската комисија и со новата влада во Анкара „постојат добри можности за нов почеток“ во односите меѓу ЕУ и Турција којашто со години се обидува да стане членка на Унијата, истакна Могерини во Брисел.
„Членовите на владата ни рекоа дека патот на Турција во ЕУ не води толку преку економијата, колку преку вредностите и начелата, почнувајќи од правната држава“, истакна шефицата на европската дипломатија.
Пристапните преговори на Турција продолжија во 2013 година, по тригодишниот застој, но односите меѓу Брисел и Анкара повторно се затегнаа по непопустливиот став на турската страна за пресметка со политичките противници кои ги обвинува за конструкции на корупциски афери на власта и создавање „паралелна држава“ во турското општество чија цела е уривање на повеќе од децениското владеење на исламско конзервативната Партија на правдата и развојот (АКР).
Во неделата навечер и претседателот а Европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека е „загрижен“ поради апсењата во Турција. „На новинарите мора да им биде овозможено слободно и без страв од притвор да ги изнесуваат аргументите и противаргументите“, коментираше./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ се појави во изборниот рекламен спот на Орбан заедно со лидерите на европската десница
Српскиот претседател Александар Вучиќ се приклучи на изборната кампања на унгарскиот премиер Виктор Орбан преку учество во промотивен спот.
Во видеото, покрај Вучиќ се појавуваат уште десет политичари, меѓу кои и премиерите на неколку земји и крајно десничарските лидери од Германија и Франција, објавува порталот Нова.рс.
Thank you for your support! @MorawieckiM, @RobSchneider, @GiorgiaMeloni, @predsednikrs, @MLP_officiel, @matteosalvinimi, @AndrejBabis, @JMilei, @Alice_Weidel, @Santi_ABASCAL, @netanyahu, @herbert_kickl pic.twitter.com/7JI021IgRq
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) January 11, 2026
Во видеото за изборите, кои беа распишани денеска за 12 април, Орбан е поддржан од премиерите на Италија, Чешка и Израел – Џорџа Мелони, Андреј Бабиш и Бенјамин Нетанјаху. Меѓу политичарите се и крајно десничарските опозициски лидери: копретседателката на Алтернатива за Германија (AfD) Алис Вајдел, лидерката на Националниот собир во францускиот парламент Марин Ле Пен, претседателот на шпанската партија Вокс, Сантијаго Абаскал Конде, и претседателот на Партијата на слободата на Австрија, Херберт Кикл.
Вучиќ во видеото вели: „Се надевам дека следните избори ќе значат многу за сите нас, што значи дека ќе бидеме сведоци на уште една победа за Фидес“.
Регион
Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки
Таксистите во Атина најавија 48-часовен штрајк, објави „Катимерини“. Нивното незадоволство произлегува од новите даночни политики и задолжителниот премин кон електрични возила.
Синдикатот на таксистите во Атина (SATA) наведува дека задолжителното воведување електрични автомобили го загрозува опстанокот на секторот, поради недостаток на соодветна инфраструктура за полнење, прифатливи цени на електричната енергија и реални трошоци за возилата. Таксистите оценуваат дека ваквиот потег претставува економско уништување, а не зелена транзиција.
Возачите изразија загриженост и поради недостиг од јасна регулаторна рамка која ги раздвојува такси-услугите од возилата за изнајмување со возач. Според SATA, такси-возилата обезбедуваат превоз од точка до точка, додека приватните компании за изнајмување продаваат време на патување.
Синдикатот тврди дека мултинационалните апликации за споделено возење го нарушуваат пазарот, посочувајќи дека грчките професионалци работат под строг надзор, додека странските компании функционираат без доволна контрола или локална даночна основа.
Таксистите бараат и пристап до лентите за автобуси при превоз на патници, нагласувајќи дека такси-услугите се дел од јавниот превоз и дека ограничувањата ги зголемуваат сообраќајните гужви и негативното влијание врз животната средина. Во однос на оданочувањето, SATA истакнува дека возачите се соочуваат со неправичен третман и растечки трошоци за гориво, одржување и живот, наведувајќи дека секторот повеќе не може да издржи прекумерен даночен притисок.
Фото: pexels
Регион
Вучиќ од Абу Даби: Пандорината кутија е отворена; ќе дадам сѐ за да го зачуваме мирот и нашата земја
Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните од Абу Даби, каде што присуствуваше на отворањето на Неделата на одржливост 2026 и се сретна со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед.
Вучиќ изјави дека државата мора сериозно да се насочи кон развојот на вештачката интелигенција, нагласувајќи дека светот влегува во нова ера на големи промени.
„Големи промени се случувале и порано – од 15 век, кога Европа воспоставила доминација благодарение на научните откритија и освојувањето територии. Денес сите гледаат дека доаѓа ново време кое го носи вештачката интелигенција. Ние сме на 39. место во светот според индексите, што е подобро отколку што очекувавме“, рече Вучиќ, пренесе „Б92“.
Тој додаде дека тоа не е доволно и предупреди дека за шест месеци неработење Србија може да падне и на 70. место, нагласувајќи дека мора постојано да се работи и учи.
„Се соочуваме со две работи – огромен напредок и стравот кај луѓето дека ќе ги загубат работните места“, изјави Вучиќ.
Тој истакна дека државата мора да создаде рамка која ќе го поттикне развојот на вештачката интелигенција, но и ќе гарантира дека граѓаните нема да останат без работа. Посочи дека три проценти од енергијата во Европа се трошат на суперкомпјутери и дека ќе биде неопходно зголемување на енергетските капацитети.
„Важно е да го подготвиме теренот за децата што доаѓаат по нас, за да можат рамноправно да се натпреваруваат со другите во светот“, додаде тој.
Вучиќ информираше дека имал кратка средба со шеикот Мохамед бин Зајед и изрази благодарност за гостопримството, додавајќи дека наскоро се надева на добри вести поврзани со НИС.
„Мораме да ги зголемиме капацитетите на ЕПС, но и да склучуваме договори со други за да ги обезбедиме нашите потреби“, изјави српскиот претседател.
Осврнувајќи се на меѓународната ситуација, Вучиќ зборуваше за Гренланд и Иран, оценувајќи дека светот влегува во период на голема неизвесност.
„Не се радувам на ништо од тоа што се случува. Се плашам од времето во кое влегуваме. Пандорината кутија е отворена и повеќе никој не може да ја контролира“, рече Вучиќ, додавајќи дека ќе вложи целосна енергија за да ги зачува мирот и државата.
Тој нагласи дека граѓаните на Србија не треба да се грижат и дека државата внимателно ја следи ситуацијата. Потврди и дека утре ќе има билатерална средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати.
„Станува збор за двајца лични пријатели. Разговараме како да ја унапредиме соработката. Не заборавајте дека дел од дроновите ги набавуваме од тука“, изјави Вучиќ.
На крајот, тој се осврна и на критиките од дел од медиумите, нагласувајќи дека Србија успеала да издржи и во најтешките моменти, дури и кога 94 дена немало испорака на нафта, без граѓаните да го почувствуваат тоа.

