Регион
Могерини: Вучиќ и Мустафа постигнаа договор за правосудството

Високата преставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика, Федерика Могерини во понеделникот вечерта соопштила дека српскиот премиер Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Иса Мустафа го финализирале договорот за правосудството, со што е затворено едно клучно поглавје од Бриселскиот договор, кое суштински ќе го подобри животот на луѓето на Косово.
Високата преставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика, Федерика Могерини во понеделникот вечерта соопштила дека српскиот премиер Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Иса Мустафа го финализирале договорот за правосудството, со што е затворено едно клучно поглавје од Бриселскиот договор, кое суштински ќе го подобри животот на луѓето на Косово.
„Им честитам на премиерите за ова“, навела Могерини по состанокот кој завршил во раните утрински часови, пишува Блиц.
Таа додала дека премиерите имале сеопфатен разговор за целиот спектар на темата, а дискутирале и за тоа што преостанува да се направи. Италијанката додала дека работните групи ќе продолжат со состаноците во следните денови.
„Премиерите ја потврдија определбата да остварат напредок во нормализацијата на односите. Договорија соработка во решавањето на регионалните прашања, како што е актуелниот проблем со илегалните мигранти од Косово“, рекла Могерини, изразувајќи поддршка за Вучиќ и Мустафа во поглед на напредокот во патот кон ЕУ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.