Регион
Москва: Хрватите се нетолерантни кон Србите
Руското министерство за надворешни работи во документите за неонацизмот ја спомнало и Хрватска поради нетолеранцијата кон Србите, пренесува Танјуг.
Руското министерство за надворешни работи во документите за неонацизмот ја спомнало и Хрватска поради нетолеранцијата кон Србите, пренесува Танјуг.
По повод одбележувањето на 70-годишнината од победата над фашизмот бил објавен документ со наслов „Неонацизмот – опасна закана за човековите права, демократијата и владеењето на правото“, во кој во рамките на анализата на европските земји се пренесува и Хрватска.
Русите меѓу другото навеле дека „агресивниот националнизам, етничката и верската нетолеранција насочена првенствено против најголемата малцинска група, Србите, чија бројка од 1991 година се намалила за две третини“, пишува Slobodna Dalmacija.
Повикувајќи се на податоци од активистите за човекови права, во последните 19 години околу 30 илјади Србија во Хрватска ја сменила својата вера, односно го прифатиле католицизмот.
„Експертите велат дека главната причина за тоа е желбата на родителите да го спречат малтретирањето на децата во училиштата, врз основа на нивното етничко или верско потекло“, се наведува во документот на руското МНР.
Руските аналитичари исто така истакнале дека Србите во Хрватска се соочуваат и со сериозни административни и останати препреки во наоѓањето на работи и враќањето на својот имот.
Во документот се набројуваат исто така и поединечни случаи на ксенофобија и вандализам на православните гробишта, потоа отстранување на кириличните табли, уништување на спомен-плочите за жртвите од усташкиот логор Јадовно, како и сквернавење на еврејските гробишта од 16-тиот век во Сплит.
Од руското МНР исто така навеле и дека поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ предупредил на вознемирувачките трендови на јакнење на неофашизмот и неонацизмот во Хрватска, пред кои не треба да се затвораат очи.
Коментирајќи го извештајот пак, претседателот на хрватскит собраниски одбор за човекови права и права на малцинства, Фурио Радин изјавил дека никогаш не слушнал за податокот дека 30 илјади Срби ја промениле својата вера во католичка и дека се работи за неосновани бројки.
Радин потенцирал дека Хрватска не може да биде прозвана за неонацизам, дека постои „спорадично кокетирање со усташтвото и стадионскиот национализам но дека генералните оценки на руското МНР не држат“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.
Регион
Српскиот патријарх: Го губиме националниот идентитет, тоа е загрижувачко
Да ги надминеме поделбите и да си подадеме рака еден на друг, порача поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј, во својата божиќна порака, оценувајќи дека „за внатрешните политички тензии и поделби во Србија сведочи целиот српски народ, каде и да се наоѓа“.
„Внатрешните политички тензии доведоа до длабока поделба во општеството и недоверба меѓу луѓето, а разликите во мислењата сè повеќе се развиваат во ирационална омраза“, истакна српскиот патријарх и повика на надминување на поделбите.
„Да си подадеме рака еден на друг, бидејќи сме неопходни еден на друг“, нагласи Порфириј, оценувајќи дека ситуацијата во Србија е сложена и тешка.
Поглаварот на СПЦ го гледа како „особено загрижувачки“ „губењето на националниот и културниот идентитет, што го доведува во прашање континуитетот на историското и духовното саморазбирање на нашиот народ, а во исто време не може да се објасни само со надворешни влијанија“.
„Заедно со тоа доаѓа економската несигурност и демографскиот пад: Србија се соочува со многу негативен природен прираст и, следствено, со еден од најбрзите депопулации во светот, како и со сè поизразено стареење на населението“, рече патријархот.
Нагласувајќи дека Божиќ е празник на мирот, Порфириј рече дека денес „човештвото има потреба повеќе од кога било да се врати кон тој извор на мир кој не е наметнат со сила, туку се открива во понизност и љубов“ во „однос што гради доверба, заедништво и почит кон секое човечко суштество“.

