Контакт

Регион

Избори во Турција: Ердоган победи, но го загуби мнозинството во парламентот

Објавено пред

Според прелиминарните резултати од парламентарните избори во Турција, владејачката партија на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Партијата на правдата и развојот (AKP) освои најмногу гласови, но го загуби мнозинството во турскиот парламент, пренесува AP.
 

Според прелиминарните резултати од парламентарните избори во Турција, владејачката партија на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Партијата на правдата и развојот (AKP) освои најмногу гласови, но го загуби мнозинството во турскиот парламент, пренесува AP.

 

Партијата на Ердоган освои најмногу гласови, но првпат по 13 години го изгуби парламентарното мнозинство и сега ќе мора да формира коалиција, покажале резулатите на основа на 97 отсто преброени гласови.

AКP освоила 41 отсто од гласовите, а по неа следат Републиканската народна партија (CHP) со 25 отсто, националистичката Партија на националното движење (MHP) со 16,5 отсто и прокурдската Народна демократска партија (HDP) со 12,5 проценти од гласовите.

Владејачката партија освоила околу 260 места во парламентот, 16 помалку од минимумот потребен за го задржи своето мнозинство. На AKP ѝ беа потребни повеќе од 330 места од вкупно 550-те за распишување на национален референдум за промена на Уставот, со кој овластувањата на актуелниот претседател би можеле да бидат значително зголемени.

Со 367 пратенички места пак, АКП би можела да организира гласање за промена на Уставот, без организирање на референдум./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Босна и Херцеговина со најлоша статистика во Европа за починати од ковид на милион жители

Објавено пред

Босна и Херцеговина стана најлошата европска земја по смртност од ковид на милион жители.

Според статистичките податоци обезбедени од Worldometers, БиХ достигнала 3.134 смртни случаи на милион жители, што е повеќе од Унгарија која е на второто место, а има 3.128 смртни случаи на милион жители.

Пред БиХ на светско ниво е само Перу со 5.934 смртни случаи на милион жители.

Worldometers додава дека Босна и Херцеговина досега имала 225.857 случаи на инфекција, а 10.203 луѓе починале.

Закрепнале 192.218 пациенти, а биле извршени вкупно 1.188.929 тестови. Во моментов има 23.436 активни случаи.

Властите во БиХ апелираат до граѓаните да се придржуваат кон мерките и упатствата, поради страв од четврти бран, а луѓето постојано се повикуваат да се вакцинираат.

Прикажи повеќе...

Регион

Првпат Албанија има влада со мнозинство жени

Објавено пред

Албанскиот парламент гласаше за првата влада во која мнозинството го сочинуваат жени откако во земјата беше воведен повеќепартиски систем пред 30 години.

По парламентарното собрание, кое траеше повеќе од 20 часа, Еди Рама беше избран за премиер третпат по ред по огромната победа на изборите во април.

Од 17 члена на владата, 12 се жени.

„Борбата против родовата дискриминација и семејното насилство останува отворена и е далеку од победена“, рече Рама пред пратениците што гласаа за неговата влада со 77 гласа од 140 додавајќи: „Сѐ уште има дискриминаторски сили и негативна енергија што дејствуваат во нашето општество да им наштети на жените и девојчињата“.

Олта Џачка ќе продолжи да ја извршува функцијата министер за надворешни работи, а Делина Ибрахимај, поранешна шефица на даночната администрација, ќе раководи со Министерството за финансии и економија.

Рама рече дека борбата против криминалот и корупцијата ќе биде приоритет во третиот мандат.

Новата влада предвидува економски раст од 4 проценти годишно по падот од 3,3 проценти во 2020 година како резултат на пандемијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Објавено пред

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да се вакцинираат против Ковид-19. Негативниот тест на коронавирус веќе нема да им биде доволен на државните службеници за да одат на работа како за другите невакцинирани граѓани, одлучи словенечката влада доцна синоќа.

Секој државен службеник ќе треба да ја прими првата доза од вакцината до 1 октомври и втората до 1 ноември, освен ако не се одлучиле за вакцината на „Џонсон и Џонсон“, која обезбедува заштита по една доза.

Во Словенија во сила се заострени мерки, според кои за одење на работа, за возење во јавен превоз, за посета на трговски центар, банка или пошта потребна е потврда за вакцинација или негативен тест.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ50 минути

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет1 час

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија2 часа

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Македонија2 часа

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Свет6 часа

Американски милијардер случајно признал убиство, му се заканува доживотен затвор

Американскиот милијардер Роберт Дурст вчера беше прогласен за виновен пред судот во Лос Анџелес за убиство на неговата најдобра пријателка...

Топ8 часа

Жител на Сарај уапсен поради кражба на графички картички и струја за „копање“ на биткоини

Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А. Како...

Свет10 часа

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили,...

Македонија22 часа

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на...

Македонија1 ден

Почина двегодишно дете со Ковид-19 кое имало претходни здравствени проблеми

Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика за Ковид-19 на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено и...

Македонија1 ден

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа значи...

Македонија1 ден

„Избери живот, гласај зелено!“ – ДУИ го откри слоганот за локалните избори

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе...

Македонија1 ден

Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше...

Македонија1 ден

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија1 ден

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Македонија1 ден

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Македонија1 ден

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Синоќа, во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од Бугарија. „Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе...

Регион1 ден

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет1 ден

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија2 дена

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија2 дена

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Досие