Регион
Мустафа: Имаме обврска да гласаме за Тачи за претседател на Косово
Косовскиот премиер и претседател на партијата Демократски сојуз на Косово (ДСК), Иса Мустафа рекол дека неговата партија, според коалицискиот договор, има обврска да го поддржи лидерот на Демократската партија на Косово (ДПК), Хашим Тачи за претседател на Косово на изборите во 2016 година, пренесува „Блиц“.
Косовскиот премиер и претседател на партијата Демократски сојуз на Косово (ДСК), Иса Мустафа рекол дека неговата партија, според коалицискиот договор, има обврска да го поддржи лидерот на Демократската партија на Косово (ДПК), Хашим Тачи за претседател на Косово на изборите во 2016 година, пренесува „Блиц“.
„Верувам дека ќе имаме убедливо мнозинство на гласови на ДСК, кои ќе се држат до нашиот договор со ДПК и ќе гласаме за Тачи да биде претседател, бидејќи договорот си е договор“, рекол Мустафа.
Според Мустафа, осумте пратениците на ДСК кои не гласале за кандидатот за претседател на косовското Собрание, Кадри Вејсели и за него како премиер, имале свои лични причини.
„ДПК гласаше за мене и поради тоа мораме да бидеме одговорни, поточно ние имаме обврска да се однесуваме исто така кога се во прашање обврските кои ги преземавме кога Тачи ќе биде предложен за претседател“, рекол косовскиот премиер, додавајќи дека со своето делување ќе докаже навистина дека е премиер, наспроти многуте тврдења дека и понатаму, фактички премиер на Косово е Хашим Тачи.
Тачи во моментов ги има функциите на вицепремиер и министер за надворешни работи на Косово./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Лукоил“ во завршна фаза на продажба на рафинеријата во Бугарија – компанијата предупредува на заштита на сопственичките права
Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ соопшти дека е во завршна фаза од продажбата на својата имотна структура во Бугарија, вклучувајќи ја рафинеријата „Лукоил Нефтохим Бургас“ и мрежата бензински станици. Компанијата предупреди дека ќе преземе правни мерки доколку специјалниот управител назначен од бугарската влада ги повреди нејзините сопственички права.
Вашингтон на крајот на октомври воведе санкции за „Лукоил“ и „Роснефт“ со цел да го ограничи руското финансирање на војната во Украина. Рокот за завршување на трансакциите со „Lukoil International“ е продолжен до 13 декември, а за бугарските подружници до 29 април 2026 година.
Бугарската влада минатата недела именуваше специјален управител со овластувања да го продолжи работењето и, доколку е потребно, да продава удели во рафинеријата. „Лукоил“ соопшти дека очекува неговото назначување да не го попречи процесот на продажба.
Компанијата истакна дека работи со неколку потенцијални купувачи. Меѓу заинтересираните се турскиот „Cengiz Holding“, азербејџанската државна нафтена компанија SOCAR, како и казахстанскиот „Казмунајгаз“, меѓународната трговска куќа Vitol, турскиот фонд Oyak и унгарската компанија MOL. Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврди дека MOL доставил понуда.
„Лукоил“ најави дека компанијата ќе ги заштити своите легитимни интереси доколку бидат прекршени, потсетувајќи дека во Бугарија има инвестирано над 4,5 милијарди долари во последните 25 години.
Регион
Грција се соочува со тешка демографска криза, младите остануваат дома до 30 година
Грција се соочува со сериозна демографска криза, покажува студија на статистичката агенција Елстат. Младите најчесто остануваат да живеат со родителите сè до својата 30-та година, бидејќи ниските плати не им дозволуваат самостоен живот и основање семејство. Ова, според психолозите, има негативно влијание и врз социјалниот живот и врз желбата за создавање нови семејства.
Според податоците на Евростат, Грција е прва во Европа по бројот на млади кои доцна го напуштаат родителскиот дом. Во Бугарија, на пример, младите заминуваат во просек на 28 години, пренесува БНР.
Кризата со домувањето дополнително ја влошува ситуацијата, а иако владата покрива една месечна кирија годишно за младите семејства, ниските примања и несигурноста ја намалуваат желбата за деца. Во последните 13 години, во земјата се родени четвртина милион деца помалку во однос на пред две децении.
Опозициската СИРИЗА предупредува дека демографската криза не може да се реши без сеопфатна стратегија.
Регион
Обилни дождови поплавија патишта и продавници во делови од Грција
Обилните дождови во Грција ги поплавија патиштата и продавниците. Полицијата ги повикува возачите да возат внимателно.
Јужниот дел од земјата беше најмногу погоден, особено планинските региони Загори и Џумерка, каде што патиштата беа непроодни. Пожарникарите мораа да спасуваат патници од поплавените автомобили. Беше спроведена спасувачка операција за спасување на двајца земјоделци и нивните стада.
Полицијата затвори еден од патиштата до пристаништето Игуменица. Сè е во вода, соопштија пристанишните власти.
Островот Крф е силно погоден од поројни дождови. Патиштата се како реки, што го оневозможува движењето, се жалат жителите на островот.
Многу куќи на приземје, ресторани и продавници се поплавени.
За денес, прогнозите се дека лошото време ќе продолжи, опфаќајќи го поголемиот дел од земјата и егејските острови.
Властите издадоа предупредување за внимателност при возење во областите Солун, Патра и Крит.

