Регион
Мустафа: Ќе го продолжиме дијалогот со Белград

Новоизбраниот премиер на косовската Влада, Иса Мустафа изјавил дека неговата влада ќе биде ангажирана на продолжувањето на дијалогот со Белград.
Во интервју за Voice of America (VoA) Мустафа изјавил дека неговата влада ќе работи на економски развој, зајакнување на правосудството, борбата против криминалот и корупцијата и кој и да е вид на екстремизам, но и на спроведувањето на постигнатиот договор од Брисел.
„Ние сме заинтересирани за продолжување на разговорите и колку што можеме повеќе да ги релаксираме односите со Србија и српската заедница во Косово“, изјавил Мустафа, објаснувајќи дека создавањето на добрите односи со српската заедница ќе влијае и на односите со Србија.
„Ние секако ќе ги продолжиме разговорите. Ќе ги продолжиме во форматот кој е изграден во Брисел и на Косово“, рекол Мустафа, оценувајќи ја како клучна улогата и на САД, кои според него го поддржале тој процес и придонеле тој да се одвива брзо и во полза на двете страни./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.