Регион
Мустафа: Ревизија на форматот на дијалогот меѓу Приштина и Белград

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјавил дека ќе има ревизија на форматот на дијалогот меѓу Приштина и Белград и дека во овој процес се вклучени сите важни косовски институции, пишуваат косовските медиуми.
Мустафа за Voice of America изјавил дека форматот на дијалогот повторно ќе биде ревидиран бидејќи е важно во него да бидат вклучени сите институции на Косово како што се Кабинетот на претседателот, Парламентот и граѓанските организации.
Косовскиот премиер додал дека треба да се разгледа начинот на вклучувањето на Парламентот односно дали тоа ќе биде во фазата на подготовките или, пак, по враќањето на делегацијата од Брисел, за да се донесат одлуки кои ќе бидат прифатливи за пратениците и народот на Косово.
Epoka e Re пренесува дека Мустафа ги критикувал властите во Белград бидејќи според него тие не го почитувале обврските да не се мешаат во процесот на европските интеграции на Косово./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.