Регион
На Харадинај му е вратен пасошот, вечерва ја напушта Словенија
Окружниот суд во Крањ во петокот му го врати пасошот на поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај, два дена откако беше уапсен во Љубљана, по потерница на Србија од 2004 година.
Словенечкото министерство за надворешни работи во соопштение наведе дека Харадинај веќе го зел пасошот, а амбасадорот на Косово во Љубљана, Неџми Реџепи, изјави дека се очекува Харадинај денеска да ја напушти Словенија.Откако му беше вратен пасошот, Харадинја на својата Facebook страници им се заблагодари на граѓаните за поддршката и најави дека вечерва ќе пристигне во Приштина. Харадинај беше уапсен по потерница на Србија, којашто сé уште била важечка во Словенија, иако во 2012 година Хашкиот трибунал го ослободи од сите обвиненија за воени злосторства извршени во 1998 и 1999 година, наведува словенечката агенција STA.Не е јасно зошто потерницата е се уште важечка во Словенија, наведува агенција, потсетувајќи дека претходно косовската амбасада во Словенија упатила протесна нота до Словенечкото министерство за надворешни работи и побара на Харадинај да му биде вратен пасошот. Во нотата се наведува дека Харадинај, поранешен водач на Ослободителната војска на Косово, а сега лидер на Алијансата за иднина на Косово и пратеник во косовскиот парламент, кој беше премиер на Косово во 2004 и 2005 година, се враќал од специјална дипломатска мисија во странство.Косовската амбасада побара Харадинај да биде пуштен според членот 29 и 42 од Конвенцијата на ОН за специјални мисии и го повика словенечкото Министерство за надворешни работи да помогне во тоа. Според оваа конвенција, претставниците на државата кои се испраќаат во специјална мисија, не можат да бидат приведени и уапсени. Министерството оваа нота ја проследи до судот, изразувајќи мислење дека барањето на Косово е оправдано и побара на Харадинај да му се врати дипломатскиот пасош и да му се овозможи да ја напушти Словенија. Харадинај беше изведен пред суд во Крањ веднаш по неговото апсење во средата. Тој набрзо беше пуштен, но морал да го предаде пасошот и да вети дека ќе остане во Словенија додека судот не ја испита важноста на потерницата и не го разреши случајот. /крај/мф/
Извор: Tanjug
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

