Регион
На влез од хотел во Митровица откриена бомба
Експлозивна направа е пронајдена пред влезот на хотелот „Саша“ во северниот дел од поделениот град Косовска Митровица, пренесува во средата вечерта агенцијата Танјуг.
Според изворите на агенцијата, пред влезот на хотелот била фрлена бомба, најверојатно рачна граната, којашто не експлодирала. На местото на инцидентот работат полициски екипи, а улицата е блокирана. Се очекува полициските специјалци да ја неутрализираат.
Според косовските медиуми, во овој хотел во средата отседнала министерката за дијалогот со Белград, Едита Тахири, којашто отворила таму и во Звечане канцеларии на владата во Приштина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес го погоди северниот дел на Јадранот
Кај Јадранското Море вечерва се случи земјотрес. Бил со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот бил почувствуван во северниот дел на Јадранот, недалеку од италијанскиот брег.
Регион
Земјотрес во Албанија
Утрото, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Тирана.
Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од Тирана на длабочина од 10 километри.
Сè уште нема информации за повредени и за висината на материјалната штета.
Регион
До смрт претепана 23-годишна девојка во Србија
23-годишниот Д. И. е уапсен во Александровац, Србија, под сомнение дека претепал девојка, која починала како последица во болница.
„Припадници на МВР Александровац од околината на тоа место го приведоа Д. И. (23) поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство со смртен исход“, соопштено е.
Тој е осомничен дека ѝ нанел повеќе удари на главата и телото на својата 23-годишна партнерка, од кои таа починала во болница, пишува „Телеграф“.
По наредба на вишиот јавен обвинител во Крушевац, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа по што со кривична пријава ќе биде изведен во Обвинителството.