Регион
Над 300 фалсификувани дипломи и свидетелства во комуналните фирми во Загреб

Во комуналните претпријатија во Загреб има дури 306 вработени со фалсификувана диплома или свидетелство, покажа најновата ревизија, јавуваат хрватските медиуми.
Во комуналните претпријатија во Загреб има дури 306 вработени со фалсификувана диплома или свидетелство, покажа најновата ревизија, јавуваат хрватските медиуми.
Најмногу биле откриени во Загрепскиот електричен трамвај (ЗЕТ) и во Градската чистота, пренесе државната ХРТ.
Фалсификуваните дипломи вработените ги добивале од образовни институции од Хрватска и од Босна и Херцеговина.
Најмногу диполоми на црно биле пронајдени во ЗЕТ-94 и во Чистота 84, а разликата помеѓу вкупно исплатената плата и реалната заработувачка според вистинската стручна спрема изнесува неверојатни 88,5 милиони куни (1,15 млн евра), пренесува ХРТ.
Така во кратки црти изгледа конечната верзија на ревизијата на дипломите и свидетелствата во комуналните претпријатија во Загреб, која што на увид ја доби весникот „Јуарњи лист“.
Против службениците со неверодостојни дипломи со кои се вработиле покренети се кривични пријави, како и вонредни откази на договороте за работа. Досега поради лажирање на документие 249 работници добиле откази, пренесе ХРТ. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хрватска е подготвена да прифати деца од Газа

Хрватска ги отвора вратите за децата од Појасот Газа, објави Министерството за надворешни и европски работи, со акцент на психосоцијална помош и едукација за опасноста од експлозивни направи, објавија хрватските медиуми.
„Република Хрватска ќе ги отвори вратите за децата од Газа на ист начин како што ги отвори за децата од Украина фокусирајќи се на психосоцијална помош и едукација за опасноста од експлозивни направи“, објави денес Министерството.
Во соопштението се нагласува дека Хрватска има искуство во ова од татковинската војна и дека има меѓународно признато знаење за дејствување против мини.
Министерството пишува дека државата е подготвена да прифати деца доколку се појават можности, за што верува дека ќе се појават, и нагласува дека континуирано спроведува проекти поврзани со украинските деца, од кои речиси 700 се згрижени во Хрватска преку јавен повик.
Планот го објави државниот секретар на Министерството за надворешни работи за политички прашања, Франо Матушиќ, на меѓународната конференција за мирно решение на палестинското прашање и спроведување решение за две држави во седиштето на ОН.
Регион
Украинско комбе се судри со руски камион во Словенија, петмина загинати

На автопатот кој ги поврзува Марибор и Љубљана, во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а две се повредени. Несреќата се случила кога патничко комбе удрилo во камион. Сите жртви биле странски државјани, соопшти словенечката полиција, јавуваат медиумите во регионот.
Според досега утврденото, возачот на комбе со украински регистарски таблички, кое превезувало седум лица, поради несоодветна брзина, удрил во задниот дел од приколка која стоела во ред поради работи на автопат. Пет лица загинале во комбето на местото на несреќата.
Возачот, кој ја предизвикал несреќата, е полесно повреден, додека патничка е тешко повредена. Двајцата повредени се пренесени во болница, а тешко повреденото лице е пренесено со хеликоптер. Идентитетот на загинатите сè уште се утврдува.
Возачот на камионот, руски државјанин, не е повреден, но му е понудена психолошка помош поради сериозноста на несреќата, објавува Радиотелевизија Словенија. Несреќата се случила непосредно пред одморилиштето Тепање, на дел од автопатот каде што се во тек големи работи – се реновираат 13 километри пат, два тунела и три вијадукти. Полицијата потврди дека несреќата се случила пред работната зона каде што се формираат долги редици поради затворени ленти.
Фото: принтскрин
Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.