Регион
Над 70.000 турски Курди протестираа против Charlie Hebdo

Повеќе од 70 илјади турски Курди протестираа во саботата во Дијарбекир против објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во сатиричниот неделник Charlie Hebdo по терористичкиот напад во неговата редакција во Париз од 7-ми јануари кога беа убиени 12 луѓе, а токму како одмазда на радикалите за објавувањето на спорните карикатури пред неколку години што во исламот се смета за недозволиво и навредливо.
Демонстрантите се собраа во овој град на југоистокот од Турција со курдско мнозинство скандирајќи „Господ е голем“, „Демон на Шарли, не го навредувајте мојот пророк“ и „Проколнати да се оние кои велат ‘јас сум Шарли’“.
Собирот во Дијарбекир го организираше движењето „Платформа на верните пророкот“ во кое е и Худа-Пар, здружение кое го сметаат за политички огранок на турскиот Хезболах. Некои од демонстрантите извикувале „Да живее Хезболах“, на митингот кој траел околу два часа, пренесува AFP./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.