Регион
Над десет илјади луѓе на одбележувањето на Игманскиот марш
Повеќе од десет илјади луѓе се собрале во саботата на планината Игман кај Сараево по повод 74-годипнината на Игманскиот марш, епизода од Втората светска војна во која партизанските борци по голем студ и снег се пробиле на тогашната слободна територија во источна Босна.
Пеејќи партизански песни и носејќи фотографии на Јосип Броз Тито и знамиња со петокраки, почитувачите на антифашистичката борба и членови на боречките организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Србија, Хрватска и Македонија минале по дел од маршрутата по која во зимата по длабок снег и голем студ пешачеле тогашните партизани за да се пробијат низ обрачот на германските сили.
„Денеска луѓето дојдоа да покажат како го чувствуваат антифашизмот“, изјави претседателот на организациониот одбор Ибрахим Дурмо.
„Не можам да сфатам дека тоа го преживеав. Јас тогаш имав само 11 години“, изјави Албин Приберник од Словенија, најмладиот учесник на вистинскиот Игмански марш.
Учесниците положија венци на спомен обележјето за загинатите партизани на Игмантското поле и им одадоа почит на сите загинати во борбата против фашизмот во текот на Втората светска војна.
Околу 700 борци на Првата пролетерска бригата кон крајот на јануари 1942 година успеале да ја минат планината Игман во марш кој траел речиси дваесет часа при температура, како што вели историјата, од релси 40 степени под нулата. Повеќе од 150 партизани тогаш се здобиле со тешки измрзнувања поради што биел извршени ампутации, но бригадата успеала да се извлече од обрачот на германските сили./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

