Регион
Најмалку 15 луѓе се удавија во Егејско море, меѓу нив и шест деца

Најмалку 15 луѓе, меѓу кои и шест деца, се удавија во петок наутро при бродолом на два брода во водите на Егејското море, додека повеќе десетици мигранти се сметаат за исчезнати, соопшти грчката крајбрежна стража.
Во првиот бродолом што се случил ноќта кон петок, 48 лица успеале да стигнат до брегот на Фармакониси, откако нивниот брод се насукал на карпите. Телата на шест деца и една жена ги извлекла крајбрежната стража по бродоломот.Неколку часа подоцна друго пловило се навалило и се превртело во водите пред островот Калолимнос, а засега се извлечени осум тела. Вкупно 26 лица го преживеале вториот бродолом, додека во тек е потрага по останатите што се наоѓале во бродот.Во четврток најмалку 12 мигранти, меѓу кои и деца, се удавиле во водите покрај западниот брег на Турција. Турската крајбрежна стража успеала да спаси 28 лица. /крај/хн/ст
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.